Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Јавна расправа за утврдување предлог-листа за избор на членови на КСЗД

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е јавната расправа за утврдување предлог-листа од пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

За новиот состав на КСЗД пријавени се вкупно 14 кандидати – актуелниот член Лимко Бејзароски, Кире Василев, Усеин Елезоски, Мери Ивановска, Наташа Амдију, Жаклина Дамческа, Шемши Салаи, Миле Стојановски, Горан Нешевски, Несиме Јашари Љума, Ирфан Лимани, Даниела Стојановска Џинговска, Џихан Ахмед и Елита Шуки.

Комисијата е составена од седум члена, кои ги избира и ги разрешува Собранието на Македонија. Членовите на Комисијата се избираат со мандат од пет години, со право на уште еден последователен повторен избор. При изборот на првиот состав на Комисијата, во согласност со овој закон, четири члена се избираат со мандат од пет години, а тројца со мандат од три години, со право на уште еден последователен повторен избор. Од редот на членовите избрани со мандат од пет години Комисијата избира претседател со мандат од една година, без право на повторен избор.

Реклама

За член на Комисијата може да биде избрано лице кое е државјанин на Македонија; да има стекнато 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование и има минимум седум години работно искуство од областа на човековите права, од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација; во моментот на изборот со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна затвор од над шест месеци или забрана за вршење професија, дејност или должност и да не е носител на функција во политичка партија.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е самостоен и независен орган, кој работи во согласност со надлежностите утврдени со Законот за спречување и заштита од дискриминацијата. Членовите на Комисијата треба да го одразуваат составот на општеството во целина и при изборот на членовите на Комисијата се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество.