Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Јавна расправа за Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска организира јавна расправа Јавна расправа по Предлогот на закон за соодветна и правична застапеност, во прво читање што беше доставен од Владата.  Законот се носи во редовна постапка и е на дневен ред на 104. планерна седница, која треба да продолжи денеска во 14:00 часот.  […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска организира јавна расправа Јавна расправа по Предлогот на закон за соодветна и правична застапеност, во прво читање што беше доставен од Владата. 

Законот се носи во редовна постапка и е на дневен ред на 104. планерна седница, која треба да продолжи денеска во 14:00 часот. 

Основната цел на предлог-законот за соодветна и правична застапеност е да обезбеди јасна, прецизна и применлива правна рамка за остварување на едно од темелните начела на уставниот поредок на земјата – соодветната и правична застапеност на граѓаните што припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции. Интенцијата е да се обезбеди доследна примена на овој принцип преку воспоставување јасни правила и механизми, кои ќе овозможат еднаков пристап до вработување и унапредување, како и фер и транспарентни постапки во јавниот сектор.

Реклама

Воедно, како што се наведува во предложениот законски текст, се настојува да се постигне соодветен баланс помеѓу потребата од застапеност на припадниците на сите заедници во земјата, од една страна, и неопходноста од обезбедување на професионална, ефикасна и политички неутрална администрација, од друга. 

На јавната расправа се повикани да учествуваат пратеници, вицепремиерот Беким Сали, како владин претставник, и претставници на експертската јавност…  

Комитетот за односи меѓу заедниците на седница на 4 јуни изгласа овој закон да се носи со т.н. мал бадентер односно со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците што припаѓаат на немнозинските заедници. 

Пратениците од Албанската лига на Зијадин Села имаат поднесено исто така Предлог закон за правична застапеност и не го поддржуваат владионото законско решение.