Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Јавна расправа за нацрт-национална стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026 – 2033“

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за еднакви можности на жените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на чиј дневен ред е јавната расправа на тема: „Нацрт-национална стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026 – 2033“. 

Националната стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жените и семејно насилство 2026 – 2033, како што се посочува во документот објавен на собраниската веб-страница, претставува првиот стратешки документ што се подготвува во согласностс со член 13 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Појдовна основа за изработката на националната стратегија, како што се нагласува, е анализата на националната и меѓународната правна рамка, препораките и наодите од евалуацијата на имплементацијата на акцискиот план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство на Република Македонија 2018 – 2023, препораките на групата на експерти за акција против насилство врз жените (ГРЕВИО), Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (ЦЕДАВ) и другите меѓународни тела надлежни за човекови права.

– Стратегијата има цел да обезбеди функционален, усогласен и одржлив систем за спречување и заштита од родово базирано и семејно насилство, заснован на човековите права и родова еднаквост. Со неа се воспоставува интегриран пристап, кој ги поврзува разните надлежности, услуги и сектори во заеднички систем за превенција, заштита и поддршка, засновано на принципот на должно внимание. Посебен фокус се става на воспоставување одржливи механизми за координација, континуирана обука и унапредување на пристапот до правда и специјализирани сервиси, вклучително за жени што се соочуваат со повеќекратна и интерсекциска дискриминација – се вели во националната стратегија подготвена од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Реклама

Се посочува дека стратегијата е усогласена со клучните национални документи и европски приоритети.

– Таа е дел од пошироките процеси за реформа на правосудството, унапредување на родовата еднаквост и социјалната инклузија. Воедно, ја препознава дигиталната димензија на насилството и неопходноста од интерсекторски и современ пристап заснован на потребите  на жртвата. Со воспоставување јасна институционална рамка, предвидливост во планирањето и редовно следење на спроведувањето, стратегијата обезбедува стабилна основа за унапредување на системот за заштита и исполнување на преземените обврски – се евели во нацрт-националната стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026 – 2033.