Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Јавна расправа за измените на Kривичен законик – Почна процедурата за враќање на построги казни за функционерите

Правна сигурност наместо правна гимнастика – измените на Кривичниот законик ќе треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правна сигурност наместо правна гимнастика – измените на Кривичниот законик ќе треба да го вратaт уништеното во 2023 година. Јавната расправа со правната фела во Собранието треба да ги корегира недостатоците во законот. Сегашниот предлог е привремен, бидејќи тоа им го наложи Уставниот суд на пратениците, додека во Министерството за правда се пишува нов закон, за кој по донесувањето ќе треба време и за адаптација.

Ваков чекор е неопходен за да се вратат казните за функционерите кои ќе се огрешат пред законот.

  • „Не само што тогаш настана хаос, не само што одеше на намалување на казните и застарување, меѓутоа на таков начин не можеме да обезбедиме правна сигурност. Сега пред нас, барам јас гледам текст со кој се обидуваме да вратиме нешто и да обезбедиме сигурност за оние кои се во судски процеси..“ рече РУЖИЦА НИКОЛОВСКА – Адвокат.

Забелешка од некои правници е дека недостасува делот за застарување на казните.

Реклама
  • „Се вртиме во тој круг, колку години ќе поминат за некој да се спаси или да не одговора. Ние не треба да измислиме топла вода, туку да го пресликаме она што веќе во нашето соседство некој веќе ги применил“ рече СЕЈФУЛА ОСМАНИ – Универзитетски професор.

Скандалозните измени кои ги донесе претходната влада, функционерката на СДСМ и професорка, Ана Чупеска ги нарече несреќни. Бара да има правна можност за проверка на потекло на имотот од 91-ва, додека пак во делот на казните за системот „Безбеден град“  ги нарече параван за легализација на масовен надзор .

  • „Недостасува подетална нормалтивна доработка, која би можела да одземањето на возилото да го ограничи на шест месеци, па ако се повтори на една година, а потоа може трајно. Значи во сукцесија, вака е многу неодредено е изложено е волунтеристичко одлучување“ рече АНА ЧУПЕСКА – Професорка од УКИМ ..

Предложените измени на КЗ се нужни и во делот на семејното насилство сметаа од здружението „Родителски фронт“, со кои се предвидува зголема заштита од државата кон жртвите семејното насилство.

  • „ Со предложената измена на член 130 од КЗ се обезбедува осогласување со Истанбулската комвенција која предвидува кривичните постапки не смеат целосно да зависат од пријавителот или жртвата“ рече НЕТКА КОВАЧЕВА – Адвокат и претставник од „Родителски фронт“ Струмица

Адвокатот Давидовиќ предлага пак законите да се прилагодат за менталитетот на македонските граѓани, а не да се прават корпарации со законите во скандинавските земји.

Предлог измените веќе месец и половина се во собраниска процедура. Тие требаше да се донесат во рок од шест месеци како што Уставниот суд ги задолжи пратениците, но поради изборите процесот се продолжи.