Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Јаневска за недостигот на учебници за малобројните етнички заедници: Не е проблем тиражот, туку исполнувањето на критериумите

Проблемот со недостиг на учебници на јазиците на припадниците од малобројните етнички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблемот со недостиг на учебници на јазиците на припадниците од малобројните етнички заедници не е поради малиот тираж, туку затоа што треба да бидат исполнети предвидените критериуми, изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Наставници и автори што пишуваат учебници на некој од овие јазици завчера на средба во Министерството за односи меѓу заедниците се пожалија дека со измените на Законот за учебниците минатата година конкурсите за учебници, наместо МОН, ги објавуваат издавачките куќи и оти тие поради економска неисплатливост, одбиваат да ги печатат поради малиот тираж, со оглед на тоа што настава на секој од петте јазици следат по стотина ученици. 

– Да, има проблем, не поради нискиот тираж, ние ја поправивме формулата и ги вклучивме и нив и цената на тие учебници е идентична како и сите други, по формула, без оглед што е тиражот понизок. Имаме поставено критериуми за луѓето што треба да пишуваат учебници. Затоа што навистина имавме лоши учебници, кои беа оспорувани од многу страни, кои имаа многу грешки, и во новиот закон (за учебници), поставивме критериуми што треба да ги исполни авторот на учебникот. Кога МОН, односно Педагошката служба, бара, за жал, се случува во одредени заедници издавачките куќи да не може да најдат луѓе што ќе ги исполнат тие критериуми. Мене ми е многу жал што мора тоа да го соопштам, но рековме дека проблемите јавно ќе ги објавиме и нема да ги ставаме под тепих – рече денеска министерката Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. 

Реклама

Посочи дека МОН постапува законски и дека сите одобрени учебници се преведени на сите пет јазици. 

– Ние сме единствената држава во светот што печати учебници на пет јазици, но тоа ќе го почитуваме до крај. Доколку постојат луѓе што ги исполнуваат критериумите, заедниците нека се заангажираат, Министерството не се меша во таа работа. Кој ќе подаде учебник и кој Бирото ќе го одобри, камо среќа да имаме по два, по три, националната комисија веројатно ќе го избере откога ќе помине рецензија. Законот предвидува, ако е понуден само еден учебник, само во тој случај Бирото да може да побара од авторите да го поправат во согласност со програмата. Ако се повеќе – не, но ако е даден само еден учебник, тогаш ќе може Бирото да им дозволи да го поправат. Треба да се двајца професори, еден наставник, за жал, се случува да немаме такви, но мора да се државјани на Република Македонија – рече Јаневска додавајќи дека ако не се пријават автори за учебници за заедниците, повторно ќе бидат објавени конкурси.