Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Јаневска: Прифатени се забелешките дека не може да има исти критериуми за избор во звања за општествените и техничките науки

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва изјави дека е задоволна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва изјави дека е задоволна од законското решение за високо образование, кое, како што потенцира, не ја нарушува автономијата на универзитетите. Јаневска посочи на последните измени што се направени во однос на барањата на академската заедница за новиот закон за високо образование. 

– Во однос на автономијата не се согласуваме дека овој закон ја нарушува автономијата, рече Јаневска во интервју на една од националните телевизии, потсетувајќи на настанот во Владата на кој присуствуваа и ректорите на државните универзитети во земјава кои немале забелешка за автономијата.

Сепак, кажа министерката, работната група направила отстапка така што во Универзитетскиот совет ќе има двајца претставници од Владата, наместо тројца како што претходно било предвидено, а уште еден член од стопанските комори.

Реклама

Јаневска изјави дека се прифатени забелешките дека не може да има исти критериуми за избор во звања за општествените и техничките науки. Министерката рече дека ќе биде направена и една измена во однос на јазиците и ќе се додаде уште една база, но само за нив. 

– Во однос на критериумите, намаливме по еден труд, аналогно на изборот доцент вонреден- редовен, и реизбор. Дозволивме СКОПУС, уште една друга база е во игра после денешниот ден. Ги проверивме критериумите кои треба да ги исполнат за следниот избор, каде што велиме ги ослободуваме од критериумите, при првиот нареден избор, а тоа се трудовите со импакт фактор и ХА-индексот. Дополнително за уметничките универзитети направивме посериозни отстапки. Се обидовме со деканите на трите универзитети да најдеме заедничко решение и на наше најголемо задоволство, најдовме заедничко решение за да не останат без кадар за студентите, додаде Јаневска.