Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Јаневска ги охрабри дипломците од „Мајка Тереза“ да продолжат со ентузијазам на својата професионална патека

Со свечена церемонија на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска беше промовирана нова генерација дипломирани студенти, на која министерката за образование и наука Весна Јаневска упати пораки за личен и професионален развој, како и за активен придонес во општеството. Обраќајќи им се на дипломците, Јаневска им честита за постигнатиот успех нагласувајќи ја нивната улога како […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечена церемонија на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска беше промовирана нова генерација дипломирани студенти, на која министерката за образование и наука Весна Јаневска упати пораки за личен и професионален развој, како и за активен придонес во општеството.

Обраќајќи им се на дипломците, Јаневска им честита за постигнатиот успех нагласувајќи ја нивната улога како двигател на идниот развој.

– Искрени честитки до сите вас што денеска и официјално станувате академски образовани граѓани. Вие сте гордост на вашите семејства, на вашите професори и на државата. Од вас очекуваме активно учество во општествениот живот и придонес кон развојот на Македонија. Веруваме во вашето знаење, но и во вашата енергија, креативност и желба за успех. Токму тие квалитети се двигател на промените и напредокот – рече таа.

Реклама

Министерката ги охрабри младите да продолжат со ентузијазам и храброст на својата професионална патека истакнувајќи дека државата има потреба од нивниот потенцијал и ангажман.

– Храбро чекорете напред. Вклучете се на пазарот на трудот, придонесувајте во развојот на постојните компании или создавајте нови вредности преку сопствени идеи и претприемачки иницијативи. Некои од вас ќе го изберат патот на науката. Македонија има потреба од млад научноистражувачки кадар и затоа преку низа системски мерки работиме на создавање подобри услови за негов развој, напредување и меѓународна афирмација – порача таа.

Во обраќањето министерката упати благодарност и до професорите посочувајќи ја нивната клучна улога во образовниот процес и во создавањето нови генерации стручни кадри, со кои институциите веќе соработуваат на унапредување на високото образование и науката.

– Со многумина од вас имаме заедничка соработка на активности насочени кон унапредување на високото образование и науката. Особено ми е драго што заеднички работевме на подготовка на новата законска регулатива во оваа област, која набргу ќе се најде пред пратениците. Убедена сум дека со заедничка визија и посветеност ќе создадеме поконкурентен и поквалитетен систем на високо образование и научноистражувачка дејност – нагласи Јаневска.

Додаде дека Универзитетот „Мајка Тереза“, како најмлад државен универзитет во земјата, добива континуирана поддршка, при што Владата обезбедила средства за изградба на нов универзитетски кампус, чија реализација се очекува во наредните пет години.