Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Јаневска: Бројот на ученици е намален, но сите наставници ќе ги задржат работните места

Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да ги задржат работните места, и покрај тоа што бројот на ученици значително е намален во изминатите години, а лани во 147 подрачни училишта воопшто и не се запишале ученици. Меѓу другото, затоа и воведуваме едносменска настава и продолжен престој во училиштата, со цел наставниците да имаат дополнителни активности, полн фонд на часови и да добиваат целосна плата. Во ова ни помагаат нашите големи партнери УНИЦЕФ и Светска банка.

Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбата со наставниот кадар во општина Дебар, каде има реакција на група наставници во врска со процесот на оптимизација на училишната мрежа.

-Во период од малку повеќе од 20 години, бројот на ученици се намалил за 28 отсто, додека во истиот период бројот на наставници се зголемил за 46 отсто. Како резултат на тоа, националниот просек се намали од 18 ученици по наставник на 11,4 ученици по наставник, во споредба со просекот на ОЕЦД од 15 ученици по наставник, рече Јаневска.

Реклама

Додаде дека поради ваквата состојба, околу 90 проценти, а во некои општини и до 100 проценти, од средствата за образование одат за плати, што остава минимален простор за инвестиции во инфраструктура, опрема и професионален развој.

Министерката кажа дека лошите политики на претходната Влада имаат голем удел во намалувањето на бројот на ученици.

-Кога во претходните седум години младите требало да планираат и развиваат семејства тука, тие одлучуваа да заминат надвор или да го одложат градењето семејство. Дури и цели оформени семејства ја напуштаа татковината. Колку и да се потсмева некој сега, факт е дека во последните две години има менување на ситуацијата во неколку општини, додаде Јаневска.