Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Јане Ченто поднесе кривична против Русковска: Имаме изјава од сведок дека дал лажен исказ за „27 април“, случајот е монтиран

Кривична пријава против поранешната обвинителка Вилма Рускоска поднесоа осудените од случајот 27…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривична пријава против поранешната обвинителка Вилма Рускоска поднесоа осудените од случајот 27 април. Пријавата е за попречување на правдата и злоупотреба на службена положба. Јане Ченто еден од осудените тврди дека постојат нови докази кои сериозно ја доведуваат во прашање целата постапка. Обвинувањата се сериозни – се користеле незаконски докази, имало притисоци врз сведоци и се носеле пресуди врз основа на, како што тврди Ченто, монтирана постапка. Девет години по собраниските случувања на 27 април 2017 година, и седум години по пресудата во најобемниот судски процес, осудените најавуваат дека е време вистината да излезе на виделина.

“Доказите укажуваат на комуникација меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во оваа постапка, меѓу брат на еден висок функционер и сведок, на можни договори со обвинителот како и насочување на сведочењето што го даде сведокот во таа постапка. Сведокот со изјава заверена на нотар изјавува дека неговиот претходен исказ даден во постапката бил невистинит и дека на истиот му било ветено дека ќе му се помогне во други кривични постапки доколку даде таков исказ.” – изјави Јане Ченто, ден од осудените за 27 април.

“После одбивањето од кривичниот и апелациониот суд еве сега има можност во овој контекст оваа кривична пријава против поранешната обвинителка да материјалните докази кој што беа одбиени од судот сега мора да влезат во правна процедура и очекуваме институциите си ја завршат работата.По наше гледање работата е 100 – 0 очекувам секој што се бори за правда многу лесно да го увиди тоа и ОЈО да соопшти детали” – вели Богдан Илиевски.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше по одлуката за случајот „27 април“,според него тоа не било правда, туку чиста политика.Тој тврди дека целиот процес бил наместен од претходната власт, а дел од обвинетите неправедно биле прогласени за терористи.

„Невини луѓе беа осудени за тероризам, тоа беше политички монтиран процес од минатата власт” – изјави премиерот, Христијан Мицкоски.

Мицкоски порача дека државата нема да може да напредува без расчистување на, како што ги нарече, двата клучни случаи – улогата и постапувањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и околностите околу настаните од „27-ми април“.

Инаку, за овој немил настан во Собранието – 16 луѓе беа осудени кои според пресудата сите обвините вкупно добија 211 години затвор. На обвинителна клупа седеа 33-ца, но со законот за аменестија, 15-мина беа ослободени од обвинението.