Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за „27 април“

Прес-конференција денеска во 12 часот пред Основното јавно обвинителство ќе одржи Јане…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прес-конференција денеска во 12 часот пред Основното јавно обвинителство ќе одржи Јане Ченто, на која, како што најави, ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката за настаните од 27 април.

– Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција, која ќе се одржи на 27 април 2026 година во 12 часот пред Основното јавно обвинителство. На прес-конференцијата ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В. Р. и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката – се наведува во најавата.

Во најавата Ченто вели дека ова претставува почеток на процес за утврдување одговорност и расчистување на сите околности поврзани со судскиот процес за 27 април.

Реклама

– Во име на опфатените со судскиот процес изјава за медиумите ќе даде Јане Ченто – се вели во најавата.

Прес-конференција утре во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство ќе одржи Јане Ченто на која ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвин

Апелацискиот суд минатата недела донесе одлука со која не го прифати барањето за повторно судење на осудените за насилството при упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

– Жалбата е неоснована. Судот го ценеше жалбениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст. 1 т. 11 од ЗКП, меѓутоа тој не го прифати како основан, со оглед што образложението на решението не содржи такви недсостатоци поради што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот – се вели во одлуката на Апелација, која е потврда на решението на Кривичниот суд од декември.

Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13-годишна затворска казна под обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок, а во предметот „27 април“, поврзан со упадот во Собранието. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, сега судијка во Уставниот суд.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот што беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.