Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Јанчев: Четири децении по градбата, се реконструира градскиот базен во Кавадарци

Четири децении по градбата, комплетно се реконструира градскиот базен во Кавадарци, рече…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четири децении по градбата, комплетно се реконструира градскиот базен во Кавадарци, рече денеска во изјава за медиумите, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Тој беше на лице место, заедно со претседателот на Советот на Општината, Стојанче Рамов. Јанчев најави повеќе интересни содржини во самиот комплекс.

– Инвестицијата е околу 800 илјади евра, поддржана од Влада на Македонија со унгарскиот заем и очекуваме до 15 јуни, да го отвориме реконструираниот и доизграден базен. Мислам дека во регионот, а и пошироко, ќе имаме еден од најдобрите, најмодерните базени, подвлече Јанчев.

Изјава за медиумите даде и Рамов, кој се осврна на повеќе проекти на локалната самоуправа.

Реклама

Како што беше кажано, базенот ќе има комплетно нови плочки, нов пумпен систем за вода и филтри. На дел од големиот базен ќе се постават и топогани, а другиот дел ќе си остане рекреативен. Во малиот детски базен ќе се постават детски реквизити за водните лудории за децата, а во партерот ќе има и детско игралиште на гумена подлога. Комплетно ново реновирање на тоалети, соблекувални, тушеви, партер околу целиот базен, соба за доктор, влезни партии, нови кровови на постоечките шанкови, лежалки и сè што е дополнително потребно за градскиот базен да функционира како забавен воден парк, и за младите и за постарите.