Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Јана Манева – Чупоска останува на чело на ДЛУМ, избрано ново раководство

Ликовната уметница Јана Манева – Чупоска повторно беше избрана за претседателка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ликовната уметница Јана Манева – Чупоска повторно беше избрана за претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) со четиригодишен мандат на вчера одржаното годишно Собрание во Домот на АРМ во Скопје. Таа беше и единствениот кандидат за оваа функција, додека со тајно гласање беше избрано и новото раководство на Друштвото со мандат до 2030 година.

За членови на Управниот одбор беа избрани уметниците: Катерина Таневска, Денис Тенев, Никола Смилков, Мирјана Масети, Марија Мицова Гацова и Иво Пецов. За нови членови на Уметничкиот совет се изгласани: Маја Рауник Кирков, Јана Јакимовска, Валентина Илијевска, Борче Богоевски, Илиана Петрушевска, Наташа Милованчев и Зоран Бошковски, додека Надзорниот одбор ги доби новите членови: Дејан Иванов Маргуш,Виктор Јаневски и Ивона Велковска.

Претходните членови на Управниот одбор, Уметничкиот совет и Надзорниот одбор поднесоа колективна оставка една година пред истекот на мандатот. Оваа одлука овозможи предвремени избори со цел целосна синхронизација на сите органи со мандатот на претседателот, создавајќи нов четиригодишен тим кој заеднички ќе ја преземе одговорноста за работата на Друштвото.

Реклама

Како што се наведува во соопштението од ДЛУМ, новиот тим во следните четири години ќе се фокусира на унапредување на ликовната уметност и зајакнување на позициите на македонските уметници. Јана Манева – Чупоска во својата апликација при конкурирањето посочи дека кандидирањето за втор мандат за претседател на ДЛУМ, е резултат на нејзината желба да помогне за подобро делување на ова здружение кое го смета за значајно за развојот на ликовната уметност и за заштита на правата на ликовната фела во Македонија.

-Согледувајќи ги реалните проблеми кои Друштвото ги има како никогаш до сега, се одлучив да пробам повторно да се кандидирам обидувајќи се да создадам реална работна програма за излез од повеќе прблематични финансиски состојби во кои моментално ДЛУМ се наоѓа – потенцираше таа.

Годинава ДЛУМ со низа активности го прославува својот значаен јубилеј, 80 години постоење. Што се однесува до следните негови активности, на годишното Собрание беше укажано дека за јуни е планирана реализација на изложбата „Поместени граници“, гостување со изложбата „Цртеж, експериментален цртеж“ во Македонскиот културен центар во Белград, додека пак во септември треба да следи Интернационалното графичко биенале „ДЛУМ – 2026“. Во октомври и ноември ќе се одржат изложбите: „Мал формат“, Миниартура“ и „Фемина“, а годинава треба да заврши со јубилејната изложба посветена на 80 годишнината на ДЛУМ.