Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

Јовановиќ: Власта ја интересираат само уставните измени-цените мора да се замрзнат

Владата како нем набљудувач на лошата економска слика во Македонија. Цените неконтролирано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата како нем набљудувач на лошата економска слика во Македонија. Цените неконтролирано растат, а институциите само си ја префрлаат одговорноста.

Граѓаните прстот го вперуваат во власта, бараат мерки за заштита, ама немаат доверба дека нешто ќе се преземе за да се подобри ситуацијата.

Наглиот и неконтролиран раст на цените се случува веќе неколку пати во последните две години, а надлежните не реагираат соодветно.

Реклама

Главна причина што нема ни соодветни мерки, ни санкции за несовесните трговци е што Владата во фокус ја има само надворешната политика и не се грижи доволно за домашните проблеми и економијата, сметаат познавачите.

Главната причина е што економските политики се доверени на помалиот коалициски партнер односно на ДУИ, а ДУИ како и секој помал коалициски партнер не е толку одговорен . Тие ќе прават нешто, ама се додека немате вие иницијатива од оној што е одговорен во државата не можете да очекувате дека ќе имате од Министерот за економија некоја иницијатива, а Премиерот е скроз апстрахиран и е скроз посветен на промената на Уставот на евроинтеграциите, земете ги последните негови настапи и видете за што зборувал, никогаш не зборува за сиромаштија, инфлацијата, тоа е првата причина кога имате какафонија, кога Премиерот е одлепен од реалноста, односно фокусиран на надворешната политика, а оние кои се фокусирани на домашната политика не им е толку гајле за тоа, коментира Бранимир Јовановиќ.

Јовановиќ предупредува дека покачувањето на цените се случува без никаква основа , затоа што на глобалните пазари цените не се покачуваат, а куповната моќ на граѓаните не е зголемена оти платите во реална вредност се намалени. Според него итно мора да има замрзнување на цените бидејќи без контрола цените нема да паднат.

Ова се случи неколку пати во изминатите година и пол и сега повторно се случува. Дополнително Владата само гледа и критикува , фирмите се нечовечни и ништо и ништо не преземаат само упатуваат апели фирмите да не се однесуваат на тој начин . Тоа што треба да се направи без никакво сомнение е да се замрзнат цените, бидејќи очигледно без контрола на цените фирмите прават што сакаат, додава Јовановиќ.

За покачените цени министерот за економија Крешник Бектеши прстот го впери кон трговците и побара казни од комисијата за заштита на конкуренција, а од таму пак кажаа дека не можат да постапат ако некој не им доставел писмено сомнение. Премиерот вчера проговори на темата и кажа мерки ќе имало, но конкретно какви и од кога не кажа.

Во последните две недели имаше поскапување на млекото, сирењето , кашкавалот и месото . Нов бран поскапувања се очекуваат откако ќе биде покачено ДДВ-то од 5 на 10% како дел од даночната реформа .

Кристина Алексиеска