Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Ѓорѓиевски: Власите се нераскинлив дел од кодот на Македонија, убавината е токму во различностите

Власите се нераскинлив дел од кодот на Македонија. Дел од нејзината меморија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власите се нераскинлив дел од кодот на Македонија. Дел од нејзината меморија, нејзината борба, нејзината култура и нејзиниот дух, напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.

– Народ што низ вековите знаел да го зачува својот јазик, својата песна, своите обичаи и своето достоинство, но, никогаш не стоел настрана од судбината на оваа земја. Напротив, бил дел од секоја нејзина борба, секој нејзин подем и секоја нејзина надеж. Со посебна почит денес го спомнуваме славниот Питу Гули, кој е симбол на храброст, чест, пожртвуваност и љубов кон слободата. Тој е гордост на Власите, но и гордост на цела Македонија. Убавината на Македонија е токму во различностите. Во јазиците, културите, традициите и обичаите што живеат на ова наше мало, но, свето, парче земја, обединети со љубов кон истиот дом. Влашкиот јазик, културата, песната, традицијата и идентитетот се богатство на сите нас. Сакам јасно да порачам – секогаш ќе бидеме ваша поддршка – додава Ѓорѓиевски.

Нагласува дека Град Скопје ќе се заложи влашката заедница да добие своја Влашка куќа – место што ќе биде дом на културата, традицијата, јазикот и идентитетот на Власите.

Реклама

– Место кое ќе сведочи дека она што е вредно, мора да се чува. Посебно сакам да го спомнам и мојот драг пријател Папули, човек кој со достоинство ја носи љубовта кон својот народ, своето потекло и своето семејно наследство. Со голема почит се навраќам и на неговиот татко, човек чие име и дело заслужуваат трајно сеќавање. Токму затоа, во негова чест, во Кисела Вода изградивме спомен-обележје како знак на благодарност, почит и вечна меморија. Македонија е силна кога сите нејзини заедници се силни. Македонија е горда кога секоја традиција се почитува. Македонија е достоинствена кога секој граѓанин чувствува дека припаѓа, дека е важен и дека неговиот идентитет е вредност. Нека ви е честит Националниот ден на Власите. Нека живее влашката заедница. Нека живее нашата заедничка Македонија – порачува Ѓорѓиевски во објавата.