Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Ѓорѓиевски: Семејните лекари се ограничени во закажувањето дијагностички прегледи и препишување лекови, специјализацијата по семејна медицина не е признаена

Проблемите на семејните лекари остануваат исти. Петнаесет години специјализацијата по семејна медицина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблемите на семејните лекари остануваат исти. Петнаесет години специјализацијата по семејна медицина не е соодветно признаена. Европскиот парламент поведе иницијатива во европските земји да се изедначи коефициентот на специјалистите по семејна медицина со другите специјализации. Веќе седум европски земји ја поднесоа во своите министерства оваа иницијатива – истакна денеска претседателот на Здружението на лекарите по општа и семејна медицина, Драган Ѓорѓиевски, по повод 19 мај, Светскиот ден на семејниот лекар.

Според него, специјалистите по семејна медицина се третираат како матичните лекари иако може да прават спирометрија, ехо-дијагностика и други здравствени услуги, не може соодветно да наплатат, ограничени се и во препишувањето лекови и немаат ингеренции директно да закажат одредена дијагностичка процедура.

– Семејниот лекар треба да опфати 70-80 проценти од популацијата и да се спуштат ингеренциите и услугите да може да закажеме компјутерска томографија. Кога гледате на рендгенографија дека има одредена сенка, која во заднина може да укажува на карцином, зошто тој пациент да оди кај пулмолог. Директно семејниот лекар треба да го препрати на компјутерска томографија, да се скрати патот до дијагноза, бидејќи со рана дијагноза ќе имаме подобра превенција кај пациентот – рече Ѓорѓиевски.

Реклама

Посочи дека законите, поточно законот за електронско здравство, очигледно повторно заглавиле во фиоките во Министерството за здравство и во нашите институции бидејќи, како што рече, тој закон во февруари-март излегол на ЕНЕР, го поминал првиот филтер, но до денеска сè уште не е влезен во Собранието.

Според него, лекарската професија треба да биде соодветно регулирана.

– Само Македонија нема закон за докторска дејност, мора точно да се знае какви се коефициентите, како ќе се третираат платите, има проблем со начинот на финансирање, бидејќи ординациите во малите места и во селата отпуштаат вработени затоа што не може да извршат плаќање, а моделот на капитација е направен пред 20 години кога во Македонија имало повеќе популација отколку сега бидејќи миграцијата е значително изразена – рече Ѓорѓиевски.

Годинешното мото на одбележувањето на Светскиот ден на семејниот лекар е „Грижа за пациентите во време на дигитална ера“.  

Тој посочи дека со помош на телемедицина и воведување дигитални алатки повеќе треба да се сведе грижата на пациентите и додаде дека централната улога во тоа ја имаат семејните лекари во примарното здравство.