Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ѓорѓиевски објави видео како ќе изгледа првата фаза од булеварот Македонија

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од булеварот Македонија, чија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од булеварот Македонија, чија изградба почна вчера и се очекува првата фаза да биде реализирана во рок од 90 дена.

– Градот Скопје со визија и посветена работа ги испишува нивите страници на една убава, достоинствена и горда историја – пишува во објавата на „Фејсбук“.

Ѓорѓиевски најави дека следната недела треба да биде распишана и тендерската постапка за втората фаза, а очекува целата сообраќајница, која е околу два километра, да биде завршена до крајот на неговиот мандат. 

Реклама

– Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза, која ќе подрзабира два нови кружни тека и влез во подземната сообраќајница. За да не губиме време, ќе ја почнеме тендерската постапка наредните 10 дена и верувам дека веднаш по завршување на првата фаза, ќе почнеме со реализација на втората фаза. Оваа фаза опфаќа проширување на дел од сообраќајниците тука и уредување на целиот простор. Опфаќа нова атмосферска канализација и 60 нови шахти, што значи дека и атмосферските води ги средуваме во овој дел од нашиот главен град. Опфаќа на улицата Пролет, приклучување и нов крак кон улицата Борис Трајковски и уште едно проширување и нов крак на улицата 11 Октомври – изјави вчера Ѓорѓиевски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: