Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Ѓорѓиевски-Ле Риголер: Претставена визијата за долгорочен развој на Скопје, заснована на одржливи политики, европски стандарди

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со амбасадорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Франција во земјава Кристоф Ле Риголер, на која била претставена визијата за долгорочен развој на главниот град, заснована на одржливи политики, европски стандарди и продлабочена меѓународна соработка.

Како што соопшти прес-службата на Град Скопје, разговорот се фокусирал и на натамошно унапредување на партнерството со збратимениот град Дижон, како и отворање нови можности за заеднички проекти и иницијативи од интерес за граѓаните на Скопје.

-На амбасадорот му ја претставив визијата за развој на Скопје која е заснована на јасна стратегија, долгорочни политики и силни принципи на одржливост.  Исто така, разговаравме за продлабочување на соработката со збратимениот град Дижон, истакнал Ѓорѓиевски по средбата.

Реклама

Тој нагласил дека Скопје се стреми кон целосна интеграција на европските стандарди во економскиот раст, културниот развој и во зелените политики, додека пак амбасадорот Ле Риголер ја изразил подготвеноста на Франција да споделува искуства и иницијативи кои можат значајно да придонесат за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во нашиот главен град.

-Ја нагласивме и важноста од континуирана институционална комуникација и координација, со цел отворање на нови можности за партнерства и долгорочни проекти. Убеден сум дека оваа соработка ќе придонесе Скопје да продолжи да се развива како современ, европски град, кој нуди иновативни решенија и останува широко отворен кон светот, посочил Ѓорѓиевски.