Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Свет

Хаос во Франција- Макрон се обрати до нацијата

Во Париз трета ноќ по ред продолжија жестоките судири меѓу полицијата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Париз трета ноќ по ред продолжија жестоките судири меѓу полицијата и демонстрантите, при што беа уапсени 875 луѓе.

Повредени се 249 полицајци. Пред денешната кризна седница на Владата, Макрон објави дека се оштетени 492 објекти, изгорени се 2.000 возила и подметнати 3.880 пожари, пренесува Франс прес.

Продавници биле ограбени и запалени автомобили и покрај силното полициско присуство. Франција распореди 40.000 полицајци низ целата земја, но тоа не го спречи избувнувањето на насилството.

Реклама

Немирите започнаа во вторникот, откако полицаец застрела и уби 17-годишно момче од алжирско-мароканско потекло, Нахел М, кое се обидело да се оддалечи кога бил запрен од полицијата. Полицаецот кој пукал во Нахел му се извинил на семејството. Тој е обвинет за убиство, а неговиот адвокат тврди дека е „уништен“.

Францускиот претседател Емануел Макрон објави куса изјава за јавноста во која рече дека смртта на младиот Нахел М. е „инструментализирана“ и ја осудува „неприфатливата експлоатација на смртта на адолесцент“.

Тој го осуди насилството „најостро што може“, додавајќи дека „актуелната ситуација е неприфатлива и неоправдана“. Тој не прогласи вонредна состојба, туку најави голем број мерки и предлози насочени кон борба против насилството.

Макрон на тој начин најави дека ќе испрати уште повеќе полицајци на улица.