Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Економија

Фокус ни е развој и модернизација на Железницата со изградба на нови пруги и набавка на нови локомотиви и возови, вели Николоски

Владините политики се фокусирани на развој и модернизација на железничкиот сектор, преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владините политики се фокусирани на развој и модернизација на железничкиот сектор, преку конкретни инвестиции во изградба на нови пруги, обнова на железничкиот товарен и патнички сообраќај и подобрување на услугите – потенцира заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. 

Како резултат на овие политики, според него, се бележи зголемување на карго транспорот за 18 проценти. Дополнително, се забрзува трaнспортот на Коридор 10 на граничните точки преку олеснување на процедурите.    

-“Се воведе “one-stop shop”, односно едно застанување на границата помеѓу Македонија и Грција за карго сообраќај, а во моментов работиме – градиме – заеднички железнички граничен премин со Србија, така што и таму ќе има едно застанување, што значи дека композициите на возовите многу побрзо ќе можат да се движат, што е многу важно за бизнисот – истакнал Николоски.

Реклама

Како што информираат од Министерството за транспорт, тој говорел и за инвестицискиот циклус во изградба на нова железничка мрежа.  

-Во Скопје воведуваме Градски воз, Скопје да заличи на метропола како што имаат сите големи метрополи. Од 1 септември ќе стартува првата линија, која што е на линија Зелениково–Драчево–Лисиче–Аеродром–Центар, a веќе во втората половина на оваа година ќе одиме со тендерирање и на другите две линии, а тоа е Центар до Ѓорче Петров и Центар до Илинден. Веќе се заврши бајпасот, односно обиколницата на Скопје со цел карго возовите да не влегуваат во Скопје, таа оди на линија Драчево–Илинден. Таа е добра и за екологијата, но е добра и за бизнисот затоа што се скратува патувањето. Ако на тоа се додаде дека јануари 2025 година, после децении, Македонија виде нова пруга – ја пуштивме делницата од Куманово до Бељаковце во должина од 31 километар. Во моментов ја работиме втората делница во должина од 34 километри од Бељаковце до Крива Паланка. Напредува добро, очекувам до крајот на 2028 година да е целосно завршена. Излезе тендер за надзор, сега треба да излезе тендер за изведувач за изградба на третата фаза, а тоа е од Крива Паланка до граница со Бугарија и спој со Бугарија. Што треба да значи дека ќе имаме линија Скопје–Софија и надолу до Бургас и до Варна. Паралелно на тоа работиме на брзата пруга. Одлично одат таму подготовките. Работиме подготвителни работи, сите потребни документи се работат. Очекувам до крајот на летото да бидат сите завршени и после тоа да влеземе во избор на финансиер, на изведувач и есенва да ги видиме и првите активности на терен за изградба на брзата пруга – истакнал Николоски. 

Тој додал дека во соработка со Европската банка за обнова и развој е обезбедена набавка на најмалку пет нови електрични локомотиви, додека со Светска банка се работи на набавка на нови патнички возови.