Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

УЈП: Фер туризам започнува со пријавен доход, засилени активности во летната туристичка сезона

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од нив, Управата за јавни приходи информира дека спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност.

– Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети – апартмани, станови, куќи, викендички, соби и сл., како и други сезонски дејности поврзани со туризмот – соопшти денеска прес-службата на УЈП. 

УЈП спроведува повеќе паралелни активности:  објавување практични насоки за пријавување на доходот директна комуникација и поддршка за даночните обврзници, поврзување со други институции на државно и локално ниво и споделување информации и податоци, анализи на ризик и насочени контроли и информативна кампања преку медиумите и социјалните мрежи.

Реклама

– Целта на Управата за јавни приходи не е само да укаже на законските обврски, туку да им помогне на граѓаните навремено и правилно да ги исполнат. Доброволната усогласеност претставува основа на современото даночно работење и придонесува за фер конкуренција, еднакви услови на пазарот и поголема доверба во институциите – велат од УЈП.

Оттаму потсетуваат дека секој приход остварен од издавање сместувачки капацитети подлежи на оданочување согласно законските прописи и ги повикуваат сите лица кои остваруваат ваков доход навремено да ги исполнат своите даночни обврски.

– Истовремено Управата за јавни приходи ќе продолжи со ризично базирани анализи и контроли со цел да обезбеди еднаква примена на законите и да спречи нелојална кинкуренција кон оние кои совесно ги исполнуваат обврските. Со фер туристичка сезона и фер пријавување на приходите создаваме еднакви можности за сите и придонесуваме за одржлив развој на туризмот и економијата – порачува УЈП.