Реклама

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Македонија

Уште три нови случаи на западнонилска треска во Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска се регистрирани во Македонија. Двајца од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три нови случаи на западнонилска треска се регистрирани во Македонија. Двајца од пациентите се хоспитализирани на Инфективна клиника, а третиот на Неврологија. Сите се над шеесет години.

Со ова бројката на евидентирани случаи се  искачи  на 11. Епидемиолошките анкети покажале дека дел од пациентите во изминатиот период не патувале надвор од Македонија, што укажува дека заразата ја добиле локално, преку убод од комарец-преносител на вирусот.

Кај најновите случаи веднаш е направена дезинсекција на радиус од 200 метри, на подрачјето Скопско поле, каде што биле потврдени два од случаите. За третиот од Велес се чека на епидемиолошката анкета, за да се види каква е поврзаноста, објави министерот за здравство Клековски.

Реклама

„Кај овие пациенти се прават претраги по повеќе методи, значи ликвор, секрети и други тестови. Секако веднаш се прават и епидемиолошки анкети. Она што можам да го потврдам врз основа на комуникацијата со Комисијата за заразни болести е дека надвор од случаите поврзани со Грција, има случаи кои дефинитино не патувале надвор од државата и со место на живеење се на подрачјето на Скопско поле“, изјави Сашо Клековски – министер за здравство.

Бидејќи се работи за повозрасни пациенти над 60 години Комисијата за заразни болести ќе направи и дополнителни анализи па потоа ќе одлучува дали ќе има и нови мерки и дали ќе се прави ново прскање и дезинфекција од земја.

„Осумдесет отсто од случаите поминуваат без симптоми и ние воведовме задолжително сезонско тестирање на донираната крв на Трансфузија за да обезбедиме дека дарувањето нема да значи пренос на овој вирус. Огромен број се асимтоматски. Тие што се симптоматски се повозрасна група, над 60 години и се поврзани со коморбидитети. Комисијата за заразни болести работи постојано. Фокусот од Гостивар е префрлен на овие болести“, изјави Сашо Клековски – министер за здравство.

Еден од пациентите на возраст од 76 години се наоѓа во тешка животозагрзувачка состојба на Клиниката за инфективни болести, откако развил тешка форма на воспаление на мозокот.

Директорот Цана соопшти дека тој е сместен на Одделот за интензивна нега и е приклучен на респираторна поддршка поради критичната состојба.

Здравствените власти апелираат до граѓаните, особено повозрасните и хронично болните да превземат мерки за заштита од убоди од  комарци, користење репеленти,  носење соодветна облека и избегнување престој во  близина на стоечки води во периодите кога комарците се најактивни.