Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Учество на Клубот за младински прашања и политики на конференција за Западен Балкан во Европскиот парламент

Делегација на пратеници од Клубот за младински прашања и политики, во состав:…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на пратеници од Клубот за младински прашања и политики, во состав: Драгана Бојковска, Мартин Стојановски, Мимоза Муса и Борче Цветков, оствари работна посета на Европскиот парламент во Брисел, каде што учествуваше на програмата “Надминување на јазот” (Bridging the Gap), посветена на младинското учество во процесите на креирање политики, регионалната соработка и европската интеграција, која се оддржа од 22 до 25 јуни 2026 година.

Целта на настанот, како што информира собраниската прес-служба, била да се поттикне дијалогот за политичкото учество на младите, развојот и унапредувањето на младинските политики, како и зајакнувањето на соработката меѓу институциите и граѓанското општество во регионот на Западен Балкан.

Во рамките на посетата, пратениците од Клубот за младински прашања и политики при Собранието на Македонија оствариле средби со европратеници и претставници на граѓанскиот сектор од регионот. Тие имале можност да разменат искуства и ставови со претставници од земјите од Западен Балкан, како и да воспостават и продлабочат соработка со претставници на Европскиот парламент.

Реклама

Клубот за младински прашања и политики, велат од македонското Собрание, го продолжува континуитетот на активна соработка со Европскиот парламент и партнерските организации во креирањето и усогласувањето на младинските политики, со цел младите активно да се вклучат во градењето на европската иднина на регионот, како и да ги унапредат своите знаења, вештини и можности за учество во општествените процеси.