Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Уставните измени главна преокупација за власта: Ковачевски ќе седне на маса со Мицкоски само за Бугари во Устав, не за избори

Уставните измени остануваат главна преокупација на власта и покрај пораките од Гранада,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставните измени остануваат главна преокупација на власта и покрај пораките од Гранада, дека брзо проширување на ЕУ во моментов наликува на невозможна мисија. Премиерот Димитар Ковачевски би седнал на маса со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, но само ако се разговарало за уставните измени. Доколку ВМРО-ДПМНЕ прифателе да гласаат за, тогаш било возможно и изборите да бидат распишани веднаш. Обратното сценарио значи дека Владата е подготвена да троши двојно повеќе пари за два изборни циклуси во само два месеци, порача Ковачевски.

-Се знаат роковите на 12-ти мај треба да имаме нов претседател, на 15-ти јули бидејќи до тогаш е мандатот на пратениците треба да имаме парламентарни избори. Во понеделник да ги изгласаме уставните измени, истиот ден ќе го распуштиме Собранието и ќе одиме на избори. Или доколку сакаат тогаш може да ги отвориме уставните измени да влезат во Владата на паритетна основа, односно 50 проценти од министерствата, изјави Ковачевски.

Крајно неодговорно е власта да не сака да седне на лидерска средба со опозицијата на неколку месеци пред претседателските и парламентарни избори, смета Мицкоски. Според него мора да се разговара за датуми за избори, бидејќи може да се дојде до уставна криза, односно процесите на крајот да бидат целосно неуставни.

Реклама

–Мора да го подготвиме амбиентот за да имаме навистина еден фер изборен процес, не само на претседателски, туку и на парламентарните избори. Јас очекувам разум, очекувам одговорност барем еднаш. Јас стојам на располагање и ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција стоиме на располагање за една таква средба, еве ако веќе ги споменуваат институциите, мислам дека една од тие институции кои што директно е инволвирана во тој процес е законодавниот дом, еве нека биде и Талат Џафери домаќин, изјави Мицкоски.

Инаку она што е дополнителен проблем за Македонија е самитот во Гранада, кој вчера заврши без било каква одлука, без постигнат значителен напредок на главните теми, меѓу кои и онаа најинтересната за нас, проширувањето на ЕУ, за кои дел од земјите членки во прв ред Холандија се против брзо проширување на ЕУ.

Матеја Петровски