Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

Уставниот суд утре ќе расправа по иницијативите на „Левица“ и „Демократи“ за одредбите за политичко рекламирање во Изборниот законик

Уставниот суд утре ќе ја одржи 18. седница за 2026 година, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд утре ќе ја одржи 18. седница за 2026 година, на чиј дневен ред, покрај другите предмети, е предвидена расправа по иницијативите на политичките партии „Левица“ и „Демократи“ со кои се оспоруваат одредби од Изборниот законик што се однесуваат на платеното политичко рекламирање.

Како што соопшти Уставниот суд, со иницијативите се оспоруваат членовите 75-ѓ став 1 и став 12 алинеи 1 и 2, член 76-д став 5 алинеи 1 и 2 и член 78-а став 4 алинеи 1 и 2 од Изборниот законик.

Во иницијативата на „Левица“ се наведува дека оспорените одредби создаваат дискриминаторски пристап во распределбата на медиумскиот простор и јавните средства наменети за платено политичко рекламирање. Партијата смета дека Изборниот законик треба да обезбеди еднаков третман на сите политички субјекти што учествуваат во изборниот процес, без разлика дали се парламентарни или вонпарламентарни партии.

Реклама

Според наводите во иницијативата, во пракса се овозможува двете најголеми партии од власта и двете најголеми партии од опозицијата да добиваат најголем дел од медиумскиот простор и државната поддршка, додека другите политички партии се ставени во понеповолна положба.

Од друга страна, партијата „Демократи“ во својата иницијатива тврди дека оспорените законски одредби не се во согласност со членови од Уставот што се однесуваат на еднаквоста на граѓаните, слободата на информирање и владеењето на правото. Според партијата, со законските решенија 80 проценти од бесплатниот рекламен простор им се доделува на четири политички партии, додека останатите партии располагаат со 20 проценти од вкупниот број рекламни паноа и билборди.

Подносителот оценува дека ваквата распределба го нарушува политичкиот плурализам и принципот на слободни и демократски избори како темелни вредности на уставниот поредок.