Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Уставниот суд без мнозинство за одредбите од Изборниот законик за платеното политичко рекламирање, предметите остануваат отворени

Уставниот суд денеска не донесе одлука за иницијативите на политичките партии Левица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд денеска не донесе одлука за иницијативите на политичките партии Левица и Демократи, со кои се оспоруваат одредби од Изборниот законик што се однесуваат на платеното политичко рекламирање бидејќи при гласањето на седумте присутни судии не било обезбедено потребното мнозинство гласови. Поради тоа, предметите остануваат отворени и во фаза на гласање.

Како што соопшти судот претходно, оспорени се членовите 75-ѓ став 1 и став 12 алинеи 1 и 2, член 76-д став 5 алинеи 1 и 2 и член 78-а став 4 алинеи 1 и 2 од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање бидејќи при гласањето не било обезбедено потребното мнозинство. Поради тоа, предметот останува отворен и во фаза на гласање.

Иницијативите беа поднесени од политичките партии Левица и Демократи, кои оспоруваат одредби што ја регулираат распределбата на медиумскиот простор и средствата за политичко рекламирање. Според Левицата, законските решенија создаваат нееднаков третман меѓу парламентарните и вонпарламентарните партии, а Демократи смета дека распределбата, според која најголемиот дел од бесплатниот рекламен простор им припаѓа на четири партии, ги нарушува принципите на политички плурализам и демократски избори.

Реклама

Со мнозинство гласови судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 83 став 4 од Законот за судовите по иницијатива поднесена од Оливер Давидовски.

Едногласно беше одлучено да не се поведе постапка ниту за оценување на уставноста на дел од член 9 од Законот за извршувањето, кој се однесува на потребата од претходна согласност на Владата.

Од друга страна, Уставниот суд со мнозинство гласови поведе постапка за оценување на уставноста на дел од член 60 став 2 од Законот за социјалната заштита. Оспорениот дел се однесува на условите за стекнување право на социјална сигурност за невработени лица што не користат пензија по навршување 60 години за жени и 62 години за мажи. Иницијативата ја поднесе Игорчо Точев.

Предметот, кој се однесува на одлука за парцелација во Општина Ѓорче Петров, беше повлечен од дневен ред поради потреба од испитување дополнителни околности и ќе биде разгледуван на некоја од наредните седници.

Судот едногласно не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на делови од Програмата за организирање и унапредување на крводарителството за 2026 година, донесена од Владата.

Во постапка за решавање судир на надлежности Уставниот суд одлучи дека за постапување по барање за враќање привремено одземени предмети надлежен е Основниот суд Радовиш. Предлогот беше поднесен од Државниот пазарен инспекторат.

Во делот на заштита на слободите и правата, судот со мнозинство гласови го одби барањето на Шерафедин Куртов од Велес за заштита од дискриминација по основ на национална припадност.

Едногласно беше отфрлена и иницијативата за преиспитување на одлуката У.бр. 94/2019 од 12 мај 2020 година.

На денешната седница судот ја запре и постапката по предметот У.бр. 59/2025 оценувајќи дека претходното решение за поведување постапка било засновано врз погрешно утврдена фактичка состојба.