Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Турција и оваа година останува најисплатлива дестинација за летен одмор, или во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Турција и оваа година останува најисплатлива дестинација за летен одмор, или во превод, и летовите и услугите таму се на задоволително ниво за македонскиот џеб, додека Франција и Италија во моментот се убедливо меѓу најскапите во Европа. Ова значи дека и патот до таму, и храната, и сместувањето чинат повеќе.

Според бројките на европската статистика, Евростат, ако за услугите за кои во земјите од ЕУ би потрошиле 100 евра, за истите во Турција треба да се издвојат само шеесеттина евра. За хотелско сместување и јадење во ресторани, во Франција би платиле во просек околу 120 евра, а Италија е за нијанса поевтина, со просечна цена на услугите од 110 евра. Во Турција, пак, би потрошиле за истите работи околу 75 евра. За цигари и јавен превоз во Турција би потрошиле 25 евра, додека во Франција околу 190 евра.

Според туристичките агенции, граѓаните најмногу го претпочитаат концептот „ол инклузив“, бидејќи однапред ги знаат речиси сите трошоци.

Реклама

„Најбарани се бидејќи во тој пакет е вклучен авион, трансфер до хотел, а и хотелите нудат услуга каде што е сè вклучено – сместување, оброци, пијалоци, пијалоци во барови, платени се и лежалки и чадори, анимации за децата, вечерни забави. Сите семејства кои одат со деца немаат вонредни трошоци, таму одат без никакви потреби од дополнителни плаќања. Анталија е најпривлечна“, изјави Сузана Зелениковска – „Фибула травел“

Од туристичките агенции велат дека за Македонците се привлечни и автобуските патувања до Грција и Црна Гора, а како најпопуларна и најефтина веќе неколку години по ред ја издвојуваат Албанија.

„Грција е број еден летна дестинација и за фамилии, и за помлади, и за друштво. Тука е и Албанија, која е дефинитивно најефтина. Се бара и Црна Гора, тоа се автобуските понуди. Чартер-летовите забележуваат послаб интерес од лани, но сепак се најбарани за фамилии бидејќи се нуди цел пакет. Турција е најбарана чартер-дестинација, па Египет, па Тунис“, изјави Силвана Јовановска – „Го травел“

На крајот од листата се наоѓа Франција, која е најскапа меѓу туристичките дестинации што ги анализира Евростат, особено кога станува збор за хотелите и угостителските услуги. И Италија е меѓу поскапите дестинации, додека Шпанија и Грција нудат поумерени цени, но сепак можат значително да варираат во зависност од регионот и туристичката сезона. Португалија се издвојува како една од најисплатливите дестинации кога станува збор за хотели и ресторани.

Од туристичките агенции велат дека летната сезона добро тече, но во шпицот на јули и во термините во август се забележува благо намалување на интересот. Според нив, тоа се должи на поскапувањето на горивото, но и на повисоките цени на сместувањето. Сепак, велат дека секоја дестинација има свои туристи, а сè зависи од интересите и буџетот на граѓаните.