Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Свет

Три лица загинаа, а петмина се ранети, вклучително и двегодишно дете, во пукање на фестивалот на храната во Сиетл

Три лица загинаа, а петмина беа ранети, вклучително и двегодишно дете, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три лица загинаа, а петмина беа ранети, вклучително и двегодишно дете, во пукање на фестивалот на храната во Сиетл, САД.

„Еден осомничен е приведен“, изјави Кејти Вилсон, градоначалничката на Сиетл.

Две лица загинаа на фестивалот, а третото лице им подлегна на повредите во болница, изјави помошник-шефот на полицијата во Сиетл, Тајрон Дејвис.

Реклама

Полицијата веќе беше присутна на фестивалот, па затоа реагираше брзо, додаде Дејвис.

„Тие преговараа со еден од напаѓачите, кој веднаш се предаде, додека еден од осомничените е во бегство“, рече полицискиот началник.

Прамила Џајапал, конгресменка од Сиетл, го нарече нападот „бесмислено насилство“.

На местото на нападот, во близина на познатата кула „Спејс Нидл“, се одржуваше голем фестивал на храната кога, околу 18 часот по локално време, се слушнаа истрели.

„Пред да побегнеме, слушнавме истрел. Најпрво помисливме дека е огномет, а потоа сите почнаа да трчаат покрај нас“, изјави Ник Бејтон за телевизијата KIRO-TV, како што пренесе CBS News.

Друг очевидец раскажа дека истрчал низ градината и се спуштил ниско за да се скрие.

„Сите почнаа да трчаат, па и ние едноставно почнавме да трчаме.“

„Одлучивме да трчаме заедно со луѓето што бараа засолниште. Беше навистина страшно“, рече Лин Колс.