Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Тетовската болница ќе се реконструира од темел, инвестицијата треба да го намали притисокот врз Клиничкиот центар

Во Клиничката болница Тетово денеска беше презентиран проект за темелна реконструкција, проширување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Клиничката болница Тетово денеска беше презентиран проект за темелна реконструкција, проширување и модернизација на установата, во присуство на министерот за здравство, Сашо Клековски, претставници на Светската банка и други институции.

Проценетата вредност на инвестицијата е околу 74 милиони евра, а конечниот финансиски модел ќе се утврди по завршувањето на анализите. Проектот опфаќа реконструкција на хируршкиот и интернистичкиот блок, изградба на нови објекти, набавка на современа медицинска опрема и целосно уредување на болничкиот комплекс.

Инвестицијата треба да обезбеди подобри здравствени услуги за околу 252 илјади жители од Полошкиот Регион, со пократко време на чекање и помалку упатувања во скопскиот Клинички центар.