Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Страшна вистина за пожарот во Хром: Мајка го запалила домот на убиениот И.Ј. за да скрие дека нејзиниот син претходно го заклал

Сакала да го скрие свирепото убиство што го извршил нејзиниот син, и…

Сподели:

Сакала да го скрие свирепото убиство што го извршил нејзиниот син, и го запалила станот сосе телото на убиениот 36-годишен човек – за кого минатата недела медиумите објавија дека изгорел во пожар во својот дом во населбата Хром. Вака мајката одлучила да ја прикрие суровата вистина, па со литар и пол гориво во пластично шише од најблиската бензиска – го запалила станот. Овие информации ги соопшти обвинителството, во чие известување стои дека убиениот И.Ј. бил избоден 45 пати. 59-годишната мајка веќе е во притвор и против неа се води истрага за „сторени тешки дела против општата сигурност“.

Во соопштението, обвинителите хронолошки објаснуваат дека постапиле првично по кривичната пријава за пожарот кој избувна во петкатницата на улицата Исаија Маџовски, на 22 септември, нешто пред 10 часот наутро, каде беше и пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот.

  • „Доказите обезбедени до овој момент даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство на свиреп начин. Осомничениот го сторил делото по кратка расправија со жртвата, лишувајќи го од живот оштетениот со повеќе од 45 убодни рани во вратот и телото.“ – Пишуваат од ОЈО.

Убиецот кој што во моментов е во бегство, во обид да куртули и да не биде осуден за убиството побарал помош од мајка си. Таа одлучила да му помогне смислувајќи дека само ако го запали станот има шаанси да направи син и не заврши зад решетки – веројатно надевајќи се дека сите докази ќе се пеплосаат.

Реклама
  • „По настанот, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство. Со подметнатиот пожар тие предизвикале значителна опасност по животот и телото на станарите кои што живеат во зградата“. – Се наведува во соопштението.

Надлежните уште трагаат по убиецот, додека неговата мајка и е одреден 30 дневен притвор, и следи судење за соучесништво во убиство како и соодветна затворска казна.

Никола Цветкоски