Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Стојаноски: Најавата на СДСМ за блокада на Изборниот законик е алиби за поразот на следните избори

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Алфа телевизија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Алфа телевизија се осврна на Изборниот законик кој денеска влезе во собраниска процедура и говореше за најавата на опозициската СДСМ за негова блокада , се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ го блокира овој законик од две причини. Прво, наоѓа алиби да не учествува на парламентарните избори, кога и да се случат, сакајќи на тој начин уште неколку години да му купат на Венко Филипче на чело на СДСМ, или припремаат алиби за поразот доколку учествуваат на тие парламентарни избори, рече Стојаноски и додаде:

„Во прес-конференцијата на Филипче тој вели „гласањето на нашите гласачи во дијаспората е антидемократски чин”. Тоа не сметам дека не е само навреда, туку тоа директно оди во корелација на нарушување на македонскиот идентитет, нешто што СДС подолго време го прави наназад”.

Реклама

Стојаноски посочи дека политиката не е Фејсбук, туку, како што кажа, потребно е преземање на одговорност затоа што граѓаните очекуваат резултати.

„Откако е Левица парламентарна партија, или е во дел од советите на општините, сетете се барем на една целисходна работа што тие ја имаат направено. Едно е да земате плата и да ве има на социјалните мрежи, друго е вие да влезете во проблемите, да излезете на теренот и да се обидете нешто да надминете”, посочи Стојаноски.

Стојаноски посочи дека очекува поголема конструктивност од страна на опозициските партии, со цел, како што кажа, испорачување подобри политики кон граѓаните.

„СДСМ и Левица го потценуваат народот, нешто што мене убедливо најмногу ми пречи. Политиката не е работа на апстрактност, туку на конкретност. Тоа што вие ќе го кажете, потоа ќе треба да го истестирате со текот на времето и да го направите”, заклучи Стојаноски.