Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Средба Шасивари и Османи: Законот за употреба на јазиците мора доследно да се спроведува во сите институции

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорот на Агенцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците. Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите, информираат од Министерството за правда.

Министерот Шасивари ја потврдил определбата на институцијата со која раководи за јакнење на институционалните механизми што обезбедуваат почитување на законските одредби и гарантирање на јазичните права на граѓаните.

Османи, пак, на средбата посочил дека Агенцијата за примена на јазикот обезбедува стручна и практична поддршка на државните институции во спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, преку насоки, препораки и експертска помош.

Реклама

Агенцијата, нагласил тој, се грижи за унапредување на службената употреба на албанскиот јазик, кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, како право загарантирано со закон.

Во периодот кој следува ќе се  продлабочи институционалната соработка, координацијата и заедничките активности што ќе придонесат за поефикасна и доследна примена на Законот за употреба на јазиците во сите државни институции.