Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Средба на полициски службеници со жители на неколку дебарски села за превенција од пожари

Во рамки на активностите за превенција од пожари, што ги реализира Секторот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на активностите за превенција од пожари, што ги реализира Секторот за внатрешни работи-Охрид, полициски сужбеници од дебарското одделение остварија средби со месното население на дебарските села Селокуќи, Спас, Крифци и Бањиште, а извршија и обиколка на поширокиот шумски појас и Бањишко Поле. 

-Целта е подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на отворен простор. Низ непосредни интерактивни контакти со граѓаните на овие подрачја, беше укажано на потребата од зголемена внимателност при чистење на нивите и стрништата, воздржување од горење на смет и друг отпаден материјал заради поефикасна заштита од појава и проширување на пожари, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид. 

Според него посебно беше укажано на потребата од итно информирање на надлежните институции при забележан пожар на отворен простор. На присутните граѓани им биле поделени летоци  со корисни совети и насоки за постапување.

Реклама

Поради високите температури и зголемениот ризик од пожари апел до сите граѓани да се однесуваат одговорно упатија  и од Територијалната перотивпожарна единица, која во изминатиот период од годинава имала повеќе интервенции од лани истиот период, главно на отворен простор. Од над 84 интервенции 52 се на отворен простор.