Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Средба Велковски-Рокас: Продолжување на партнерството во спроведувањето на реформите кои носат придобивки за граѓаните

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска остварил средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска остварил средба со евроамбасадорот Михалис Рокас, на која била потврдена заедничката посветеност за продолжување на успешната соработка и реализација на проекти со поддршка на Европската Унија, кои носат конкретни придобивки за граѓаните.

Во фокусот на разговорите, како што соопшти Министерството, биле тековните и идните активности во областите што ги покрива Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и визијата, приоритетите и можностите за нивна понатамошна реализација со поддршка од Европската Унија.

-Посебен акцент на средбата беше ставен на демографските предизвици со кои се соочуваат Европа и Северна Македонија, како и на владините политики насочени кон подобрување на демографските трендови. Двете страни разговараа и за политиките за младите, нивното мотивирање да ја градат својата иднина во државата, како и за нивното активно вклучување во креирањето на јавните политики, стои во соопштението на Министерството.

Реклама

Оттаму додаваат дека било разговарано и за унапредувањето на родовата еднаквост, при што беше истакната важноста од креирање и спроведување политики што обезбедуваат еднакви можности, еднаков пристап до права и услуги и активно учество на жените и мажите во сите сфери на општеството.

-Соговорниците се согласија дека успехот на секој проект и политика се мери преку нивното ефективно спроведување и нивното влијание врз граѓаните, односно доколку мерките навремено и ефикасно ги достигнат оние на кои им се наменети. На средбата беше разговарано и за подготовката на Законот за социјално домување и Законот за социјално претприемништво, кои се очекува наскоро да бидат донесени и да придонесат за понатамошно унапредување на системот на социјална заштита и социјалната инклузија.  наведуваат од Министерството.

Амбасадорот Рокас уште еднаш ја потврдил силната поддршка на Европската Унија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија и ја истакнал подготвеноста за продолжување на партнерството во спроведувањето на реформите.

На крајот од средбата, министерот Велковски и амбасадорот Рокас изразиле задоволство од конструктивниот дијалог и ја потврдиле заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката, со цел успешна реализација на реформските процеси и политики што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните и за забрзување на европската интеграција на државата.