Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Свет

Со референдумите во Украина Путин сакал да ги исправи грешките на Ленин и Хрушчов

Во четири украински региони контролирани од Москва и проруските сили започна референдум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во четири украински региони контролирани од Москва и проруските сили започна референдум за приклучување кон Русија. Во воени услови, жителите на регионите Доњецк, Луганск, Херсон ќе гласаат до вторник. Во Доњецк и Луганск на листот за изјаснувањето стои само едно прашање: Пристапување кон Руската федерација – „да“ или „не“. Во Запорожје и Херсон ќе бидат поставени три прашања, кои може да бидат одговорени со „да“ или „не“: истапување од Украина, формирање независна држава и присоединување кон Русија. Лидерите на самопрогласените републики Доњецк и Луганс порачаа дека ова е  историски момент и  е време за враќање дома, а граѓаните масовно излегуваат на гласање.

   „Почитувани сонародници, овој момент го чекавме повеќе од осум години. Чекавме вознемирени ноќи и стресни денови и на фронтот и зад редовите. по многу години разлика. Овој референдум е историска пресвртница. Не само затоа што сме сигурни дека резултатот ќе биде позитивен, туку затоа што ова е кулминација на нашето заедничко тешко патување. Прво, станавме независна земја, а потоа го постигнавме признавањето на нашата република. И тука е нашиот трет чекор – обединување со Русија. Се враќаме дома“, рече Денис Пушилин – Лидер на самопрогласена народна република Доњецк


Денеска сме на прагот на голем историски настан. Сите ние, вклучително и јас, отвораме нова страница во нашата историја. Денеска е првиот ден од референдумот, а гласаме за приклучување кон Руската Федерација
, рече Леонид Пашечник  – Лидер на самопрогласената народна република Луганс  

Реклама

Шефот на руското МНР Лавров изјави дека референдумите се одговор на повикот на украинскиот претседател до Русите да ја напуштат Украина. Го обвини западот за директна вклученост во украинскиот конфликт.

„Москва нема да дозволи Западот да ја користи Украина како отскочна штица за закани по безбедноста на Русија. Не е изненадување што украинските вооружени сили и националните баталјони ја користат тактиката на терористите – користат мирни цивили како жив штит“, изјави Сергеј Лавров..

Земјите членки на НАТО, Г7 и ЕУ застанаа против мобилизацијата и остро ги осудија референдумите. Според НАТО, со ова се крши повелбата на Обединетите нации.

„Не можеме да му дозволиме на претседателот Путин да помине неказнето. Наместо да го промени курсот, сепак, претседателот Путин се удвои, избирајќи да не ја прекине војната, туку да ја прошири со дополнителни 300.000 војници“, порача Ентони Блинкен државен сектретар на САД.

Денеска почна и мобилизацијата во Русија. Според руските медиуми покани биле испратени и до мажи без воено искуство иако според Указот на Путин, треба да се регрутираат само мажи со воено искуство. Зеленски пак денеска  ги повика руските граѓани на отпор против мобилизацијата. Според него, дојдено e време за одлука. Апелираше до руските мајки да не ги пуштат децата во војна.