Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Патувањето од Скопје до Атина ќе се скрати за три до три…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патувањето од Скопје до Атина ќе се скрати за три до три и пол часа со новиот автопат Прилеп- Битола. Интензивно се работи на терен на  делот  од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион ќе донесе повеќе туристи во Македонија и бизниси во Пелагонискиот регион.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот Фејзбук профил објави видео во кое се гледа напредокот на изградбата на најголема поединечна делница што во моментов се гради во Македонија. Овој автопат ќе значи побезбеден и побрз сообраќај, подобра поврзаност, поголема конкурентност на стопанството и силен поттик за економскиот развој на Пелагонија, пишува Николоски.

„Ова е најдолгата поединечна делница автопат што се гради во Македонија. Нашата цел е првата половина на 2027 година да имаме пуштено во функција 10,5 км, а исто така во тек на следната година сообраќајот по целата должина од 40 км да се одвива по една коловозна лента, вели Александар Николоски, вицепремиер.

Реклама

Автопатиштата на коридорите 8 и 10 се градат со силна динамика, а паралелно со тоа се инвестира и во железничката инфраструктура.

Низ 15 тунели и 29 мостови, со брзина до 120 километри на час, од октомври 2028 година треба да сообраќаат првите возови на делницата Бељаковце – Крива Паланка. Станува збор за вториот дел од железничкиот Коридор 8, каде што во моментов се изведуваат интензивни градежни работи. По завршувањето на оваа делница ќе почне изградбата и на третата, со која Македонија конечно треба железнички да се поврзе со Бугарија.

Истовремено се модернизираат патиштата во источниот дел на државата. Ќе се гради експресниот пар Радовиш – Струмица. Паралелно со оваа делница, објавен е и тендер за изградба на експресниот пат Кочани – Виница – Делчево.

Паралелно се работи и на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава – автопатот Кичево – Охрид. За негово комплетирање се обезбедени дополнителни 175 милиони евра, а според најавите на Владата, целата делница треба да биде пуштена во употреба во првиот квартал од 2027 година.

Во последните две години во локалната и регионалната инфраструктура се вложени повеќе од 350 милиони евра. Инвестирани се над 25 милиони евра за обнова на 96 улици во 72 општини, а реконструирани се повеќе од 72 километри локална патна мрежа.