Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Советот на Општина Тетово почна седница по четири часа утврдување на дневен ред

Петнаесеттата седница на Советот на Општина Тетово, закажана за денеска 10 часот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петнаесеттата седница на Советот на Општина Тетово, закажана за денеска 10 часот, започна дури по 14 часот, по повеќечасовни расправи и несогласувања меѓу советниците од ВРЕДИ и ДУИ околу утврдувањето на дневниот ред.

Советниците на ДУИ бараа да се стави точка на дневен ред според нивен предлог за преименување на 67 улици. Предлогот беше прифатен и изгласан со гласовите на советниците од ВРЕДИ и ДУИ, додека останатите советници гласаа против и воздржано. Следуваше ново барање на ДУИ, оваа точка да биде прва или втора по ред, но тоа не беше прифатено од претседателот на Советот. Советниците на ДУИ одлучија да ја напуштат седницата.

– Ја напуштаме седницата затоа што не знам колку пати побаравме нашата точка да биде прва точка на дневен ред. Но колегите од ВРЕДИ почнувајќи со претседателот, а цело време одбиваше за такво нешто. Имавме три-четири пати состанок меѓу себе, пак се одлучи да не биде како прва точка на дневниот ред, изјави Берат Мурати, координатор на советничката група на ДУИ.

Реклама

Алби Ќамили, советник од партијата ВРЕДИ и заменик-градоначалник оцени дека ДУИ прави вештачки тензии за да се засени веста за почнување на работите за патот Тетово-Призрен или многу други работи кои ги прави локалната власт.

-Денес видовме чудно однесување на ДУИ, на групата на советниците, коишто во обид да направат политички театар предложија прегласување на имињата на улиците. Откако нивното барање беше прифатена од наша страна, советниците на ДУИ ја напуштија седницата на Советот. Комисијата за преименување на улиците утре ќе има состанок каде што ќе почне решавањето на проблемот, според сите процедури, рече Ќамили.

Советот почна да расправа по 25 точки од дневниот ред.

ДУИ достави предлог за именување улици откако Уставен суд на 17 јуни 2026 година ја укина одлуката од 2007 на Советот на Општина Тетово за преименување на улици во време кога градоначалник беше од оваа партија.