Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Собраниската комисија ги поддржа платформите на новите македонски амбасадори во Обединетото Кралство, Австралија и Холандија

Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија на редовна седница ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија на редовна седница ги разгледа платформите на новонаименуваните вонредни и ополномоштени македонски амбасадори во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Комонвелт Австралија и Кралството Холандија.

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, новата амбасадорка во Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Илина Мангова потсети на стратешкото партнерство и билатералните односи меѓу двете земји, како и улогата на британската Влада во Западен Балкан.

-Како амбасадор мој приоритет е политичката соработка и искористување на потенцијалите што ги отвора стратешкото партнерство меѓу двете земји и особено внимание ќе посветам на успешна реализација на стратешките дијалози меѓу двете земји затоа што ова стратешко партнерство и овозможува на нашата земја да има поддршка од значана глобална сила во клучни сфери. Денешната политичка дипломатија е и економска дипломатија и како Амбасада ќе бидеме активен промотор на Македонија како инвестициски и извозна дестинација, ќе работам на поддршка и овозможување на бизнис контакти со цел да се донесат повеќе инвестиции или да се зголеми извозот кон Обединетото Кралство. Северна Македонија има потенцијал и за привлекување британски туристи преку конвенционален, вински, гастрономски туризам, но и спортски и здравствен туризам, како и промоција на Скопје како европска културна престолнина во 2028 година, истакна амбасадорката Мангова.

Реклама

Новиот македонски амбасадор во Комонвелт Австралија, Стојанче Китаноски потсети дека двете држави одбележаа 30 години дипломатска соработка и најави интензивна активност за отворање на амбасада на Комонвелтот Австралија во Скопје и реализација на повеќе приоритети од неговата платформа од интерес на македонската дијаспора.

-Во наредниот период ќе вршам трансформирање на односот Амбасада-дијаспора од симболични ангажмани кон партнерски однос насочен кон конкретна институционална и економска соработка а за реализација на овој процес ќе ги посетам главните центри каде што живеат нашинците, средби со клучните претставници на македонската бизнис заедница, академска заедница и потенцијални инвеститори и создавање регистер на влијателни Македонци во Австралија. Приоритет ќе биде и зајакнувањето на билатералните односи со редовен политички дијалог и консултации вклучувајќи отворање на австралиска амбасада во Скопје, нагласи амбасадорот Китаноски.

Во Кралство Холандија, функцијата нов македонски амбасадор ќе ја врши Линда Салиеска Иљазоска која пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија истакна дека билатералните односи меѓу двете земји се традиционлано позитивни, стабилни и без отворени политички прашања.

-Како амбасадор особено внимание ќе посветам на понатамошно продлабочување на парламентарната соработка меѓу македонското Собрание и холандскиот Парламент. Имајќи ја предвид важната улога на законодавните домови во унапредувањето на билатералните односи и европските интегративни процеси. Македонската дијаспора во Холандија претставува значаен потенцијал за јакнење на билатералните врски, економска дипломатија и промоција на државата и затоа ќе работам на поголемо институционално вклучување на дијаспората преку образовни, културни и бизнис иницијативи, како и поддршка за изучување на македонскиот јазик и зачувување на националниот идентитет кај помладите генерации, посочи амбасадорката Салиевска Иљазовска.

Членовите на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија дадоа поддршка на платформите на новонаименуваните вонредни и ополномоштени македонски амбасадори во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Комонвелт Австралија и Кралството Холандија.