Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Скопскиот Кривичен суд се чисти од старите предмети, заостанатите случаи се преполовени за една година

Скопскиот Кривичен суд за една година успеал дури за половина да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопскиот Кривичен суд за една година успеал дури за половина да го намали бројот на стари предмети што им заостанувале на судиите, покажува најновиот Извештај за работата на овој суд објавен во интерниот електронски билтен од 2 јули. Според објавените податоци, пред една година, на 30 јуни 2025 биле евидентирани 873 активни стари случаи во Судот. Заклучно со 30 јуни оваа година пак, вакви се 410 предмети што е намалување за 53 отсто. Како стари предмети се сметаат предмети што се во судските лавиринти повеќе од две години.

Држењето на предметите во фиока и ризикот за застареност е една од најголемите забелешки за македонското судство изминативе години. Судот нотира дека овој тренд за решавање на старите предмети директен резултат на континуираните активности насочени кон зголемување на ефикасноста во постапувањето.

Даниела Димовска, претседателка на Судот

Реклама

Судот изминатава година ја променил и политиката на изрекување на мерката притвор, како најстрога мерка за обезбедување. Незаконските и долгите притвори исто така беа забелешка за работењето на македонското судство. 

Има зголемување на склучени спогодби меѓу судот и обвинетите, што пак, го намалува времетраењето на судската постапка и трошоците. Така ако во првиот квартал од годинава биле склучени само 4 спогодби, од април до сега кривичните судии успеале пак, да постигнат 20 спогодби. Во двата квартали судиите одбиле по само 1 предлог-спогодба.

Истовремено, во вториот квартал се забележува тренд каде судиите и Кривичниот совет во повеќе случаи ги преиначиле решенијата за притвор во поблаги мерки. Во првиот квартал биле одбиен еден предлог притвор да се замени за куќен притвор, наспроти 8 во вториот квартал.

Од вкупно 13 предлози за укинување притвор со замена за гаранција до март, Кривичниот совет прифатил само 3, а одбил 9 (при што кај еден од одбиените, судот одредил куќен притвор како посоодветна мерка). Тоа претставува стапка на уважување од само 23 проценти. Од 10 предлози за гаранција од април до јуни, Кривичниот совет уважил дури 8, а одбил само 2. Ова претставува скок на стапката на уважување на високи 80 отсто.

Во текот на истрагата (од судија), гаранцијата  како мерка за обезбедување во првиот квартал годинава била прифатена само во еден случај, наспроти 4 во вториот. 

Во билтенот е анализирана и работата на Специјализираното судско одделение надлежно за гонење кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција. Во првиот квартал оваа одделение дало 36 предлози за притвор на обвинетите, додека во вториот 46 предлози. Биле издадени и 110 наредби за претрес од април до јуни, наспроти 80 во првиот квартал од годинава. А драстичен е порастот на мерките за обезбедување имот од 20 на 51 мерка во вториот квартал.

Податоците во билтенот евидентираат пресврт во изрекувањето на условни осуди со одредени пробациски мерки (како што е општокорисно работа), кои овозможуваат ресоцијализација без затворски притисок и намалување на буџетските трошоци.

Додека во 2017 година пробацијата се применувала во само 3 предмети (4,8% од условните осуди), во 2024 година таа достигнува пик со примена во 323 од 329 предмети (98,2%). Во последната анализирана година (2025), од 406 изречени условни осуди, дури во 380 предмети биле одредени пробациски мерки (93,6%).

Билтенот е објавен само неколку дена по изборот на Даниела Димовска за претседателка на Судот, а која една година наназад раководеше со Кривичен како в.д. претседател.