Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Милионски долг кон Општина Центар, ненаплатени побарувања и пропусти во финансиското работење.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Милионски долг кон Општина Центар, ненаплатени побарувања и пропусти во финансиското работење. Државниот завод за ревизија открива низа неправилности во фукционирањето на Паркинзи на Општина Центар за 2024 година.

Ревизорите утврдиле и дека претпријатието неправилно ја евидентирало опремата, без да пресмета амортизација на материјалните средства ставени во употреба во текот на 2024 година, што директно влијае врз веродостојноста на финансискиот резултат.

Заклучно со 2024 година, јавното претпријатие има искажано обврски за комунална такса во износ од 86.363 илјади денари односно 1.404.276 евра, кои не се уплатени во Буџетот на Општина Центар, и најголем дел (79.047 илјади денари) се однесуваат на периодот од 2019 до 2023 година. – се вели во извештајот на ДЗР.

Реклама

Според извештајот, поради ненавремена наплата, побарувања во вредност од 20 милиони денари застареле и повеќе не можат да се наплатат.

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Скопје има искажано побарувања во износ од 80.120 илјади денари односно 1.302.764 евра, од кои 20.414 илјади денари односно 331.935 евра се постари од шест години што претставуваат 25 отсто од вкупните побарувања, за кои не се преземени навремени активности за наплата и не е извршено обезвреднување за оние за кои постои објективен доказ дека претпријатието нема да може да ги наплати. – покажа извештајот на ДЗР.

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ- Центар реагираат дека со парите за кои постои сомнеж за криминал ќе се решеле куп инфраструктурни проекти. Бараат од СДСМ и градоначалникот Герасимовски да ги обелоденат имињата на фирмите и луѓето на кои им биле отпишани долговите

СДС, познати во јавноста по чантички и куферчиња со кеш, се под сомнение дека со години до коска ја соголуваат општина Центар и центарци или како што државниот завод за ревизија го нарекува, „ефект на нереално и необјективно презентирање на финансиските извештаи“. -изјави Лазар Банов, потпретседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Извештајот посочува и на неправилности во јавните набавки. Дел од тендерите биле спроведени во нејасни услови, а договорите не биле навреме објавени во електронскиот систем.