Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Се повеќе се потврдуваат информациите за раскол и разединетост во владејачката СДСМ

Раздор во власта по прашањето за аменстија. Последен сигнал дека во владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раздор во власта по прашањето за аменстија. Последен сигнал дека во владата нема кохезија и оти министрите не се единствени како што сакаат да претстават е противењето на Оливер Спасовски за законот за амнестија. Не било време за амнестирање вели тој.

  • „Апсолутно не е соодветно ниту времето ниту моментот за носење на закон за амнестија, второ, опфатот кој што е соопштен, дека ќе опфатни прилично мал број на лица, исто така нема да помогне многу. Еве сега тоа е работа на собранието “ – Изјави Спасовски.

Спасовски смета дека криминалците што ќе бидат ослободени, ќе се вратат во затвор повторно, а амнестијата само ќе создаде дополнителна работа и притисок врз безбедносниот систем.

  • „Оние лица кои што сториле кривични дела, пред се разбојништва, тешки кражби и така натаму… Претставуваат терет за безбедносната состојба или ако ги погледнеме минатите закони за амнесија, ќе видите дека најголемиот дел од тие лица, за два до три месеци повотрно се враќаат назад, заради тоа што имаат повторно кривични дела“ – Додаде Спасовски.

Ова е целосно спротивен став на неговиот шеф, Ковачевски, кој пак е уверен во законот, кој според планот на власта би требало да влезе во собраниска процедура по скратена постапка без европско знаменце, за десеттина дена.

Реклама
  • „Не е прв во државата кој што се носи како таков, зошто мислам дека во 2018-та се носеше таков закон, со тоа што овој е порестриктивен во однос на тоа што било тогаш донесено. А целите се растеретување на затворскиот систем“- Порача Ковачевски на 27.09.23

Спасовски тврди дека не бил на владината седница на која се гласаше новиот закон за амнестија. Засега е нејасно дали неговата контрадикторност со изјавите на неговиот шеф, можеби произлегуваат од амбициите на министерот за внатрешни работи да се кандидира за шеф на државата, па се обидува да добие по некоја симпатија повеќе од гласачите.

Никола Цветкоски