Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Се местат и се штимаат анкети во корист на власта- на Ковачевски му гори под нозе на шест месеци пред избори?!

Агенцијата Стратум која добива државни пари штима анкети во корист на СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата Стратум која добива државни пари штима анкети во корист на СДСМ и ДУИ. Јавноста се сомнева во резултатите од последнат анакета на оваа агенција според која премиерот Ковачевски ужива најголем рејтинг.

Во ниту една  друга анкета објавена претходна ги нема бројките кои ги има на Стратум, каде Ковачевски има 12,8 проценти, а Мицкоски 10,5. СДСМ пак има 15,8, додека ВМРО-ДПМНЕ рејтинг од 10,1.

Анкетата на ИПИС спроведана во март, таму ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг 21,7 проценти, додека СДСМ и ДУИ заедно 16,7.

Реклама

Истата агенција анкета спровела и во мај, бројките слични. Тука најголемата опозициска партија има рејтинг од 20 проценти, додека на Бихачка имале поддршка од 12,9.

Ситуацијата речиси иста била и во јуни. Тогаш истражувањето на Маркет Вижн покажува рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ од 22 проценти, додека на СДСМ од 11,5. Во оваа анкета Мицкоски двојно поголема поддршка од Ковачевски, односно 12 проценти наспроти 6,1 за премиерот. Таму двојна е и предноста и на партијата на Мицкоски со 22 проценти, во однос на партијата на Ковачевски која имала 11,5.

Голема предност за ВМРО-ДПМНЕ покажува и анкетата спроведена од ИРИ во јули. Таму опозицијата има рејтинг од 19 проценти, додека СДСМ има 11. Во ова истражување дури 56 проценти сметаат дека Македонија оди во погрешна насока, додека дека сме на правиот пат мислеле само 14.

Во јули предност за опозицијата покажува и анкетата на Брима Галуп, таму ВМРО-ДПМНЕ има 19,5, додека СДСМ има рејтинг од 13,6 отсто. Во истата анкета најпопуларен политичар е Мицкоски, додека петти е Ковачевски, меѓу нив се Ахмети, Пендаровски и Груевски.

Поразителни бројки за власта покажува и анкетата на Маркет Вижн објавена пред два дена , каде Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат убедливо највисок рејтинг, а Ковачевски и СДСМ се трета политичка сила во државава, дури и под ДУИ и Ахмети..

Според политичкиот аналитичар Сашо Клековски, прашањата како што се поставени во анкетата на Стратум личат на прашања напишани во штабовите на СДСМ и ДУИ.

-Значи овде е јасно дека прашањата за да го следат наративот, приказната на ДУИ и на СДСМ за наводен расцеп на ВМРО-ДПМНЕ, значи таков распец не постои, ВМРО-ДПМНЕ е единствено, вели Клековски.

Случајно или не, анкетата на Стратум, која на минатите локални избори целосно промаши предвидувајќи победа на СДСМ се појави веднаш откако беше објавена анкетата на Маркет Вижн, каде СДСМ и нејзиниот лидер веќе не се ни втора политичка сила, а Мицкоски има речиси три пати повисок рејтинг од Ковачевски.

Инаку Стратум Рид ДООЕЛ пред пет години доби речиси 90 илјади евра од Фондот за иновации, а ваучерот лично го предаде поранешниот премиер Зоран Заев.

Матеја Петровски