Реклама

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Македонија

Светскиот шампион Џефри Џил во посета на Делчево – „Сакам секој мој успех да биде и успех на Македонија“

Осумнаесетгодишниот Џефри Џил, светски шампион во пливање во ледени води, денеска беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осумнаесетгодишниот Џефри Џил, светски шампион во пливање во ледени води, денеска беше примен од градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски. Џил, кој живее во Англија, но има потекло од Делчево, неодамна освои златен и сребрен медал на Светското првенство во пливање во ледени води во Финска, настапувајќи под македонско знаме.

На средбата присуствуваше и неговата мајка Сули Хоуп, која истакна дека и покрај тоа што семејството речиси три децении живее во Англија, љубовта кон Македонија и родното Делчево никогаш не згаснала.

– Џефри отсекогаш сакаше да ја претставува Македонија. Кога разговаравме со претставници на институциите, тој не побара финансиска помош, туку само можност да настапува под македонско знаме. Тоа беше неговата најголема желба, рече Хоуп.

Реклама

Џил говореше и за предизвиците на Светското првенство во Финска, каде температурите на водата биле блиску до нулата, а подготовките ги реализирал со импровизирани услови, бидејќи немал пристап до специјализирани тренинг-центри како неговите конкуренти.

– Многу сум горд што како Македонец успеав да испишам историја и да освојам златен медал. Би сакал мојот пример да ги мотивира младите да веруваат во себе. Не е најважно да имате многу средства, туку желба, дисциплина и посветеност, изјави Џил.

Градоначалникот Иван Гоцевски истакна дека Делчево е особено гордо на успесите на младиот спортист, кој во изминатите две години оствари резултати што ретко кој македонски пливач ги постигнал.

– Џефри не ја направи горда само својата фамилија, туку и Делчево и Македонија. Минатата година го преплива Ламанш, а годинава стана светски шампион во една од најекстремните пливачки дисциплини. Посебно радува што, иако живее во Англија, со гордост настапува под македонско знаме и никогаш не ги заборава своите корени. Тој е вистински пример како се сака татковината и како таа љубов се пренесува на идните генерации, изјави Гоцевски.

Тој најави дека ќе оствари комуникација со Министерството за спорт за да се разгледаат можностите за поголема институционална поддршка на младиот пливач, кој веќе ги исполнува критериумите за настап на најголемите светски натпреварувања.

На крајот од средбата, Гоцевски му посака на Џил успешно продолжување на спортската кариера и изрази надеж дека во иднина ќе обезбеди и настап на Олимписките игри.

– Од срце му посакуваме еден ден да застане на олимпискиот победнички пиедестал и да ја слушнеме македонската химна, подвлече на крај од средбата Гоцевски.