Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Економија

СБ ја намали прогнозата за раст на македонската економија на 2,4 отсто, инфлацијата останува висока – 9,1 отсто

Понизок раст, висока инфлација, загрижувачко ниво на јавен долг. Најновиот извештај на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Понизок раст, висока инфлација, загрижувачко ниво на јавен долг. Најновиот извештај на Светска банка ги извади на виделина реалните состојби во кои се наоѓа македонската економија. Проекциите за економскиот раст според реномираната финансиска институција се корегираат надолу. Од 2,7% на 2.4%.  

Она што загрижува е високиот дефицит, но и трендот на зголемување на јавниот долг кој не запира. Годинава тој ќе изнесува 61,6% од БДП, а во 2024 дури 63.8%. По рекордното ниво на инфлација лани, која во одреден период достигна дури 20%, Светска банка очекува нејзино намалување, иако таа и натаму ќе остане висока.

Светска банка предупредува дека цехот од кризата го плаќаат сиромашните чиј број се зголемува. Владините мерки не влијаеле премногу на пазарот на труд кој и натаму е погоден. Истовремено се констатира и проблем со работната сила како резултат на иселување но и стареење на населението. Сугестиите се фискалната консолидација да биде приоритет, а Владата да се насочи повеќе кон заштита на домашната економија од високите цени на енергијата. Тоа вчера го побара и домашната бизнис заедница која реагира дека е недозволиво државата да ги остави големите компании кои ја движат економијата сами да се снаоѓаат на пазарот со енергенси.

Реклама

Светска банка очекува Народната банка да продолжи да ја затегнува монетарната политика на кус рок, но постепено и да ја олабавува со намалувањето на притисокот од цените. Изгледите за позитивен развој се поврзуваат со напредокот во преговарачкиот просец со ЕУ, кој сепак е неизвесен со оглед на условувањето тој да продолжи откако ќе бидат усвоени уставните измени за кои нема консензус во државата.

Ања Лукарова