Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Ристески: Над 1.400 компании аплицирале за мерката „Вработување и раст“, во Делчево 44 фирми бараат поддршка за 65 нови вработувања

Во Делчево 44 правни субјекти аплицирале за мерката „Вработување и раст на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево 44 правни субјекти аплицирале за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ од Оперативниот план за вработување, со што е предвидено вработување на 65 невработени лица. На државно ниво, пак, за мерката досега се пријавиле над 1.400 компании, а евидентирани се повеќе од 1.700 апликации од невработени лица, беше истакнато на денешниот Информативен ден организиран од Министерството за економија и труд и Општина Делчево.

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, оцени дека интересот за мерката е показател дека активните политики за вработување ги даваат очекуваните резултати.

– Преку мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ финансиски се поддржуваат компаниите кои ќе вработат лица евидентирани како невработени, со посебен акцент на младите до 29 години и лицата од ранливите категории. Работните места се со полно работно време, а работодавачите имаат обврска нововработените да ги задржат согласно условите утврдени со мерката, изјави Ристески.

Реклама

Тој нагласи дека искуствата од досегашната реализација покажуваат висока успешност на мерката.

– Дури 80 проценти од мерките „Вработување и раст“ и „Самовработување“ даваат резултати, што потврдува дека станува збор за исправни политики насочени кон намалување на невработеноста и создавање услови младите да останат во државата. Секоја компанија може да добие субвенција од 850.000 до 1.250.000 денари, во зависност од нејзината големина и вид, а средствата овозможуваат вработување до пет лица, рече Ристески.

Според презентираните податоци, првата подмерка „Вработување и раст на правни субјекти“ предвидува финансиска поддршка за вработување на вкупно 1.385 лица, со буџет од околу 5,4 милиони евра.

На настанот се обрати и градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, кој истакна дека мерките од Оперативниот план имаат значајна улога во развојот на локалната економија, отворањето нови работни места и намалувањето на невработеноста, најавувајќи дека Општината ќе ги користи можностите за ангажирање нов кадар, особено во противпожарната заштита.

Информативниот ден предизвика голем интерес кај делчевските компании и невработените лица, кои беа запознаени со условите и можностите за користење на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година.