Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Ревизорите најдоа пропусти, неправилности и проблематични активности кај МЕПСО за 2021-та

Финансиските извештаи на МЕПСО не се реални и објективни – Државниот завод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финансиските извештаи на МЕПСО не се реални и објективни – Државниот завод за ревизија критикува дека Македонскиот електропреносен систем за 2021 необјективно реферирал во документацијата за неговото работење и со резерва ја цени усогласеноста со законските регулативи. Ревизорите предупредуваат дека во екот на енергетската криза, МЕПСО направиле повеќе недоследности и пропусти во равботењето што предизвикало милионски загуби и пенали за државата..

Според ревизорите, МЕПСО му исплатил 9 милиони евра на ТЕЦ Неготино за да биде подготвен за производство. Парите биле исплатени, но кога централата требала да произведува струја, конкретно среде најголемата енергетската криза, тоа не се случило.

  • „Предвидено е АД ТЕЦ Неготино да ја чува расположливата моќност на термоцентралата само за потребите на АД МЕПСО, за кој период се исплатени 531.998.000 денари, од кои 219.778.000 се исплатени во 2021 година. Иако финансиски била помогната термоцентралата, при појавата на енергетската криза во октомври 2021, не е извршено нејзино активирање за производство на електрична енергија, стои во извештајот на ДЗР.

Ревизорот критикува и дека македонија платила пенали од 25 милиони евра поради неисполнетата обврска за домашно производство за потребите на трговците, која се надоместуваше со скап увоз од европската енергетска мрежа.

Реклама

Ревизорот констатира и дека МЕПСО не ја исполнил обврската за регистрација на целокупмниот иморт со кој располага. Тој утврдил и дека има разлики помеѓу сметководствената состојба, фактичката состојба и имотните листови  за трафостаници кои требало да бидат во заедничка сопственост на МЕПСО и ЕВН. Но на имотните листови за две трафостаници било впишано дека единствен сопственик бил само ЕВН, која истите ги искористила за да добие хипотека вредна 77 милиони евра што според ревизорот подоцна влијаело и врз цената за пренос на струја.

Освен ова, во ревизорскиот извештај потенцира дека Македонија и во иднина ќе остане увозно зависна за потербите на електрична енерргија и тоа со тренд кој ќе се зголемува:

  • „Според прогнозите на АД МЕПСО што се однесуваат за периодот од 2025 до 2030 година, потребите на земјава ќе се покриваат со значителен увоз од околу 55 отсто од вкупните потреби на струја од причини што производството на електрична енергија се очекува да биде на ниско ниво од околу 3.600 гигават часови поради намалување на работењето на РЕК Битола“ се вели во извештајот на ДЗР.

Ревизорот предупредува дека ако нема сериозни инвестиции во електроенергетски капацитети, состојбата на Македонија во делот на потребите од увоз на електрична енергија драматично ќе се влошат.   

Викторија Миткова