Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Протоколите не се дел од преговарачката рамка, а ставот на бугарската страна е поинаков поради егзибициите на претходната влада, вели Мицкоски

Протоколите не се дел од преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Протоколите не се дел од преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден.

– Апсолутно го делиме ставот дека протоколите не се дел од преговарачката рамка. За жал, бугарската страна тврди дека тие се дел од рамката и дека потпишала таков договор со претходната влада, во кој, според нивните тврдења, биле дадени разни ветувања. Ние како Влада не цениме дека протоколите се дел и не треба да бидат дел од преговарачката рамка. Тој став го имаме од првиот ден до денес. За жал, ставот на другата страна е сосема поинаков, а тој став е таков, според нас, поради егзибициите и капитулацијата на претходната влада на СДСМ и ДУИ и на тогашниот преговарачки тим, воден од губитникот од Чаир – истакна Мицкоски. 

Премиерот, вчера, во гостување во поткаст, истакна дека уставните измени во оваа форма, како што сега се бара, нема да се случат и дека е подготвен да разговара со секого и секаде додека да се најде решение што ќе биде одржливо и ќе нè однесе до крајната цел. – А во меѓувреме, ќе испорачуваме со реформската агенда, ќе правиме подобро општество, подобри услови за живеење – потенцира Мицкоски. 

Реклама

Тој исто така додаде дека во целиот овој процес работите треба да се гледаат принципиелно, а принципите треба да важат за сите бидејќи со нив нема играње.