Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Прилепски брачен пар на раб на егзистенција, не можат да земат американска пензија по 20 години работа во САД

Во далечната 2000-та година заминале како туристи во посета на свои роднини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во далечната 2000-та година заминале како туристи во посета на свои роднини во Америка, а таму останале цели 19 години. Брачниот пар, Маре и Благоја Петрески, навлезени во осмата деценија од животот, стари и болни, во 2019 година се враќаат дома во родниот Прилеп, убедени дека ќе го остварат правото барем на скромна американска пензија за тешката физичка работа која Благоја ја работел таму, откако обезбедил легална работна виза и така ќе имаат спокојна старост. Вели, си ги плаќал сите давачки кон американската држава, ама, од за нив неразбирливи причини, не можат да дојдат до пензијата. Неуки и изнемоштени, веќе четврта година, тие овде живеат на работ од егзистенцијата со 17 илјади македонска пензија, во изнајмен стан, а најблиските не се во можност да им помогнат. 

„Со сите потребни документи како што работеше таму секој Американец, така и јас работев. Земав чекови на кои што ми одбиваа за пензија,за здравство, за се. Ако чекот беше илјадарка, 300 долари запираа по разни основи. Јас во 2017 година од Америка се јавив во Скопје, женската ми рече, не е проблем, кога ќе си дојдиш овде, ќе го оствариме правото. Кога си дојдовме, се јавувам, сега, рече, топката е префрлена во Неапол во Италија, прати таму на е-мајл. И така почна цела работа“, раскажува 74-годишниот Благоја.

Неупатени во сето ова, помош побарале од извесна Агенција во Прилеп, која ја презела обврската службено да комуницира со посочената Канцеларија во Неапол. Таму, им биле испратени сите побарани документи. Првично дури и им била побарана и сметка каде да им бидат испраќани парите, но од пензијата ништо. Без никакво конкретно образложение, по сета таа админстративна голгота, Благоја бил одбиен.

Реклама

„Требаше да вратат барем некакво писмо од Америка, образложение… Овие од Скопје, од Амбасада можат многу, многу да помогнат, а не МНР се занимава со триста проблеми што ги има државава, некој ќе се заниша од Минисерствово за Благоја Петрески оти во Америка не остварил право или не загинал таму во зградите некаде“– вели Благоја.

Благоја, додека бил во Америка работел како физикалец, учествувал и во расчистувањето на урнатините од Кулите-близначки, а работел и со многу опасни материјали, најчесто со азбест, за што уште тамошните адвокати му кажувале дека ќе му следува и соодветен надоместок за тоа.

Сега, Благоја вели дека се’ почесто и се’ посилно ги чувствува последиците по неговото здравје oд долгогодишната работа со опасниот азбест, но нема пари да оди и да направи испитувања, па како што вели, сега им останувало само да си ја чекаат смртта, живеејќи со скромната македонска пензија која успеал да ја добие за некогашната негова работа како возач. Истовремено, овие очајни луѓе молат за нивниот случај да се заинтересира и МНР и да им помогне час поскоро.

Каролина Дурло