Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Претстава „Уна“ на Звездара театар гостува во Македонскиот народен театар

Македонскиот народен театар на 9 септември ќе биде домаќин на наградуваната претстава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот народен театар на 9 септември ќе биде домаќин на наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, со Никола Ристановски во главната улога, соопшти денеска МНТ.

Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, како што посочуваат, „Уна“ е современа и длабоко емотивна приказна за љубовта, сеќавањата, минливоста и изборите коишто го обликуваат човековиот живот. Претставата говори за границите на слободата, личната одговорност и моќта на чувствата. Таа во себе носи силна сценска енергија и исклучителна актерска игра.

Во улогата на професорот Мишел Бабиќ настапува македонскиот актер Никола Ристановски, а во актерската екипа се и Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо.

Реклама

Од МНТ потенцираат дека режисерот Дејан Пројковски со години бележи значајни успеси на домашната и меѓународната театарска сцена. Со „Уна“, велат, тој создава интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна, во која ја нагласува вредноста на автентичните човечки односи во современиот свет. Уметничката вредност на претставата е потврдена и преку бројни фестивалски признанија.

Никола Ристановски е добитник на наградите „Зоранов брк“ и наградата за најдобро актерско остварување на фестивалот „Денови на Зоран Радмиловиќ“ во Заечар, како и наградите за најдобар актер на Актерските свечености „Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац и на фестивалот „Театар фест Петар Кочиќ“ во Бања Лука. Претставата, пак, ја освои наградата од публиката на фестивалот „Денови на Зоран Радмиловиќ“, како и наградите за најдобра претстава и наградата од публиката на Фестивалот „Театар во еден чин“ во Младеновац.

– Гостувањето на Звездара театар во Македонскиот народен театар носи врвно регионално театарско остварување, во кое се обединети исклучителната актерска игра на Никола Ристановски и препознатливата режисерска естетика на Дејан Пројковски – двајца македонски уметници кои со својата работа изградија импресивни меѓународни кариери – велат од МНТ.

Билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk