Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Предложен притвор за српски државјанин фатен на Богородица со 5.000 штеки цигари без акцизни маркички

Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истражна постапка против српски државјанин осомничен за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – избегнување  плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик.

Според Обвинителството, осомничениот се обидел да избегне плаќање акциза во вредност од речиси пет милиони денари, пренесувајќи 5.000 штеки цигари без акцизни маркички преку граничниот премин Богородица.

Тој со камион – влекач со приколка, со српски регистарски ознаки и сопственост за превозна компанија од Србија, се пријавил на влез во земјава и отпочнал транзитна постапка на стока – материјал за изолација. При контрола, над декларираната стока, царинските службеници откриле 100 картонски кутии во кои биле спакувани штеките цигари без акцизни маркички.

Реклама

Јавниот обвинител оценил дека постои опасност осомничениот да избега, да влијае врз сведоци или евентуални соучесници, како и да ги сокрие или уништи трагите од кривичното дело. Поради тоа, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гевгелија е доставен предлог за определување мерка притвор.