Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

По пет години пауза, повторно возобновено формирањето на „живо“ знаме од 1.200 прилепски ученици на Градскиот плоштад

     1.200 ученици од сите основни и средни прилепски училишта, на површина од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

     1.200 ученици од сите основни и средни прилепски училишта, на површина од 24х12 метри на Градскиот плоштад, утринава, во чест на утрешниот празник, го формираа македонското знаме. Формирањето на „живото“ знаме за првпат беше востановено пред 10-тина години, а во последниве пет години, за жал, беше прекинато.

  „Нашите колеги, искусни од пред 10 години што го формиравме ова знаме, одржавме една проба, а децата беа паметни и послушни. Со организацијата вчера имавме една проба и денеска го изведовме перформансот“, – кажа Златко Думбалоски, наставник-организатор.

  Иницијативата за повторно возобнување на овој настан ја поддржа и градоначалникот Борче Јовчески, кој истакна дека со овој чин учениците се учат на љубов кон татковната, како и на почит кон нејзините државни симболи.

Реклама

  „Ја возобновуваме оваа долгогодишна традиција која што последните пет години воопшто не беше одржана и ветуваме дека од година во година ќе биде побогата и побројна“, посочи Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

  Чествувањата по повод Националниот празник „11-ти Октомври“, во градот-првоборец, продолжуваат вечерва со богата културно-забавна програма, како и со традиоционалниот импровизиран напад на некогашниот Бугарски затвор – Участакот, од каде што всушност и започнала борбата на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор во воената 1941 година.  

                                                                                            Каролина Дурло